in

5 цвеќиња кои НИКАКО не треба да ги засадите во вашата градина

Сите сакаме дворот и градината да ни изгледаат добро, но не секое растение кое изгледа убаво заслужува место во дворот.

Од растенија кои се полни со полен и алергени, до растенија кои не може да ги искорнете, ги одбравме 5те најлоши растенија кои може да ви направат огромна штета, а сепак изгледаат преубаво.

Ноќна љубичица (Hesperis matronalis)

Многу често ова растение може да се помеша со флокс, кој има слични цветови кои се розови и бели, а имаат и слична миризба, но тука завршуваат сличностите. Флоксот може да биде агресивен, но ноќната љубичица е уште поагресивна, со што за брзо време може да се претворат во плевел.

Поточњак (Lythrum spp.)

Градинарите го обожаваат ова цвеќе. Полно е со розови до виолетови цветови и лесно се забележува на растојание. Плус, не му треба одржување. Проблемот е, доколку се наоѓа покрај извор на вода – поток, река, езеро.., амарантот брзо може да ви избега од контрола и да ги загуши другите растенија кои растат на вода. Ова е едно од растенијата на кои не може да им се дозволи да се прошируваат, а тоа е малку тешко со оглед на тоа што произведуваат над 2 милиони семки годишно.

Прочитајте и...  Еве кои работи кои може да ги перете во машина за алишта без да се уништат

Амарант (штир)

Амарантот, исто така познат и како Украсен Штир, е уникатно растение со импресивна големина и светли виснати цветови. Понекогаш не изгледа добро во средени градини, но главниот проблем е цветот, кој е голем произведувач на полен и може да ги поттикне алергиите и астмата доколку сте сензитивни на полен.

Млечика (Еуфорбија)

Млечиката е убаво растение со убава форма и светло зелени листови, но неговата млечна внатрешност е иритант кој влијае на кожата и сериозно може да наштети на вашите очи. Растението исто така е отровно доколку се изеде. Се препорачува да не се засадува во дворот доколку имате миленици или мали деца.

Пелин

Пелинот е украсно растение, но е полн со полен. Не е пријател ниту на градинарите ниту на луѓето кои патат од алергии. Во градината пушта големи корења, а семињата се расејуваат од ветрот. Нема хемиска контрола, а и косењето и корнењето не му се рамни на ова растение.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote