Дом и Градина

5 домашни растенија за спалната соба кои ја лечат несоницата

Освен што можат да послужат како одлична декорација за домот, домашните растенија и билки можат да го подобрат вашиот живот и здравјето. Некои од нив се познати по нивните смирувачки и детоксикациски својства и влијанија на телото, а некои пак можат да ги успијат луѓето и да им помогнат со проблемите со спиењето. Во продолжение прочитајте кои од овие 5 домашни растенија треба да ги имате во спалната соба доколку страдате од несоница.

1. Бамбусова палма (Chrysalidocarpus Lutescens)

pb2000032816 600x600

Ова растение го прочистува воздухот и ги отстранува токсините и јаглеродниот диоксид. Бидејќи го навлажнува воздухот, ова растение е особено пожелно во зимските месеци кога грлото и носот се сушaт од топлиот воздух и греењето, поради кои често тешко заспиваме.

2. Алое вера (Aloe Vera)

642x361 7 Amazing Uses for Aloe Vera

Лековитоста на ова растените е позната на многумина, а од неа се изработуваат и најразлични препарати за негата на кожата и косата. Алое вера е нетипично растение кое излачува повеќе кислород од преостанатите растенија, па затоа е добро доколку се чува во спалната соба бидејќи ја подобрува белодробната состојба и имунитетот.

Прочитајте и...  Функционално и практично – како изгледа уредување на стан од 23 квадрати?

3. Фикус Бенџамин (Ficus Benjamina)

76867 02 BAKI 20190430120130

Ова растение е број 1 во светот на билките кои го прочистуваат воздухот. Фикусот Бенџамин отстранува дури 70% од бензен, амонијак и толуен, како и други нечистотии во воздухот кои лачат синтетички материјали со лош квалитет од мебелот. Овој фикус ќе им помогне на оние личности кои подолго време престојуваат во собата во која се наоѓаат, а и ќе го украси целиот простор.

4. Сансеверија (Sansevieria Trifasciata)

pl2000027233

Ова растение е особено добро за дишните патишта и имунитетот на телото. Ја намалува главоболката и го снижува крвниот притисок, како и ја неутрализира количината на јаглероден диоксид во просторијата во текот на ноќта. Сансеверијата гарантира добар одмор.

5. Нефролепис (Nephrolepis)

pl2000027735 card3 lg

Овој домашен папрат е богат со есенцијални масла, флавониди и други корисни материи кои имаат смирувачко дејство врз нервниот систем. Нефролеписот помага во соочувањето со последиците од стресот, а како резултат на тоа го олеснува и заспивањето.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top