in

5 годишно девојче ја нацртала својата мајка во изолација, еден интересен детал го прослави цртежот на интернет

Цртежот на 5-годишната Миа станал хит на интернет поради начинот на кој е прикажана нејзината мајка Лора Еплтон за време на изолацијата.

Мија ја нацртала мајка си со долга коса, со одвоени ‘кики’ и во виолетово-портокалов фустан со линии. Сепак, цртежот станал вирален поради еден детал.

Девојчето ги забележало и влакнестите нозе на нејзината мајка, па на цртежот додала и ситни влакненца на нозете.

Лаура фотографијата од цртежот ја објавила во Фејсбук групата „Housebound with Kids“, а објавата собрала повеќе од 3.000 лајкови.

„Ќерка ми ме нацрта премногу детално за мој вкус“, напишала покрај фотографијата која насмеала многумина.

Набрзо се појавиле и многу коментари.

„Можело да биде и полошо, можела да ти нацрта влакна и под пазувите“, „Можела да ти нацрта и мустаќи“, „Малата обрнува внимание на деталите“, биле дел од коментарите.

Прочитајте и...  Мајка прикажува како е да имаш деца преку 25 смешни илустрации

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote