Животински свет

5-годишно момче се облекува како суперхерој за да се грижи за мачките скитници

Уште од 3-годишна возраст, малиот Шон обожава да се грижи за бездомните мачиња, а тие не можат да одолеат на неговиот шарм.

Петгодишниот Шон Грифин го носи прекарот „Cat Man“. Тој при секоја посета на домот на неговата тетка Криси, шета наоколу и им помага на бездомните мачки.

Мачките ги спасува од различни локации, па зависно од локацијата и од нивниот карактер им дава креативни имиња од типот: Kolony Kats, Backyard Boys, Stray Kitty Crew, Meow Squad, Gas Station KItties и Indoor Kitties.

Кога Шон за првпат пројавил желба да им помага на уличните мачиња имал само три години. Неговата тетка Криси била скептична околу тоа, но кога се соочила со едно ново маче, кое не било мирно кога требало да го вакцинираат, а Шон веднаш се поврзал со него, таа се премислила. 

Шон го хранел мачето, а тоа оттогаш започнало да обожава луѓе. „На тој ден беше роден Cat Man“, изјави Криси за медиумите.

Шон редовно оди во домот на неговата тетка и облечен како еден од своите омилени суперхерои ги храни и се грижи за мачките. Ниту едно маче не може да одолее на неговиот шарм.

Прочитајте и...  Полицаец прогласен за херој- погледнете што направи со сопствените раце за да не загинат деца (ВИДЕО)

„Тој ги чешка за стомачињата и главите и неверојатно е да се види како мачките кои не дозволуваат никој да им се приближи, веднаш се поврзуваат со него. Тој мора да има некои магични моќи штом мачките така лесно го прифаќаат“, изјави Криси.


Најпопуларно


To Top