Кујна

5 лековити зачини кои мора да ги имате во кујната

Сите знаеме дека разноврсната исхрана богата со овошје и зеленчук, поволно се одразува на здравјето, како и внесувањето доволно течности и редовното вежбање. Но, она што честопати го забораваме е дека постојат уште некои намирници кои се исклучително здрави, а треба да ги користиме при подготовка на храната.

Станува збор за зачините, кои исто така може мошне позитивно да влијаат на организмот, било да се работи за борба против алергиите и разните болки, или, пак, превенција од појава на рак или срцеви болести.

Куркума

Позната како индиско злато, куркумата поседува моќни медицински својства, коишто може да ги елиминираат штетните материи од телото. Но, уште поважно – таа ги подобрува мозочните функции и помага во спречување на срцевите болести. Делотворна е и за намалување на симптомите на артритис, како и Ајцхајмерова и Паркинсонова болест.

Црн пипер

Црниот пипер го подобрува варењето на храната, намалувајќи ја опстипацијата и останатите дигестивни проблеми. Истражувањата покажуваат дека е добар и за превенција, но и лекување на ракот, а помага и при депресија, висок крвен притисок, ослободување од зависноста од цигари кај пушачите, како и проблемите со штитната жлезда.

Прочитајте и...  16 корисни кујнски трикови што треба да ги знаете

Ѓумбир

Ѓумбирот го олеснува и поттикнува варењето, ја намалува надуеноста и желудочните тегоби, а ги спречува и грчевите. Покрај тоа, има и аналгетски, смирувачки и антибактериски својства, а поради антихистаминското дејство, се користи и при лекување на алергиите. Идеален е за јакнење на имунитетот и ублажување на симптомите на настинка.

Мускатно оревче

Овој ароматичен зачин содржи миристицин, етерично масло кое може да се пронајде во билките како морков и целер. Докажано е дека мускатното оревче го намалува холестеролот, депресијата и aнксиозноста, а ја подобрува меморијата и зголемува сексуалната желба.

Цимет

Циметот е зачин што најчесто се користи за приготвување на слатки десерти, а делотворен е за намалување на нивото на шеќер во крвта. Спроведеното истражување потврдува дека кај луѓето што боледуваат од дијабетес тип 2, а секојдневно користат цимет во исхраната, шеќерот во крвта се снижува. Тој е добар и за намалување на холестеролот, а сите би требало да го консумираат, бидејќи помага и при превенција од рак, срцев удар, како и труење со храна. 

Прочитајте и...  Како побрзо и поефикасно да изгубите килограми



Најпопуларно


To Top