Астрологија

5 мај-Ден на македонската азбука и на македонскиот јазик

На неодамнешната 130-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, беше донесена одлука 5 мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик како празник од работен карактер.

azbuka

Одлуката овој датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која на 5 мај 1945 година ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеца Министерството за просвета го озакони првиот правопис со што беше кодифициран македонскиот јазик.

Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. До 10-тиот век македонскиот јазик користел различни други писма, како што е грчкото писмо или некои сè уште недешифрирани писма, но со појавата на глаголицата се стандардизирала писменоста. Така, од X па сè до 19 век македонскиот јазик ги користел следните азбуки: глаголица, кирилица, црковно-мкедонско писмо, илинденска азбука.

Reshenie za makedonskata azbuka maj 1945

Документ на АСНОМ со кој се воведува македонската азбука како официјална азбука на територијата на Република Македонија

Р Е Ш Е Н И Е

Прочитајте и...  Љубовен хороскоп за МАРТ: Прочитајте што ни носат ѕвездите следниот месец

на Антифашиското собрание на народното ослободуене на Македонија за заведуене на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
2 август 1944 г.
Член 1
Во македонската држава како службен јазик се заведуе народниот македонски јазик.
Член 2
Ова решение влегуе веднага во сила. Во манастирот “Св.отец Прохор Пчински“, на ИЛИНДЕН 2 август 1944 год(ина). За Антифашиското собрание на народното ослободуење на Македонија.

Нашиот великан Блаже Конески, чијшто заслуги за создавањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот јазик се огромни, во една прилика беше рекол дека ,,Јазикот е нашата најкомплетна татковина”.
Инаку, со Решение на АСНОМ од втори август 1944 година, донесено во манастирот Прохор Пчински, македонскиот јазик беше заведен како службен јазик на македонската држава.

Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, а некои ортографски знаци се преземени од азбуката на Вук Караџиќ, Крсте Петков Мисирков користел знаци за истите тие гласови. Од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени графовите за буквите љ, њ и џ, а сите останати специфичности се според препораките на Мисирков. Истите букви присутни се и во азбуката на Крсте Петков Мисирков, но со графички симболи л’ и н’.
Важно е да се напомне дека од азбуката на Вук Караџиќсе прифатени само графовите за буквите, но не и гласовите кои на овие графови им соодветствуваат во истата азбука.
Усовршувањето и приспособувањето на македонскиот пишан систем и постепено поедноставување на црковномакедонското писмо започнало во XIX век со појавата на поедноставната илинденска азбука, која пак довела до оформување на македонската преродбеничка азбука за да на крај се создаде стандардната македонска азбука.

Прочитајте и...  Влијанието на Месечината врз хороскопските знаци

Во XX век имало и обид за запишување на македонскиот јазик и со латинична азбука, т.н. македонска абецедарска азбука која не зела широки размери и останала на локално ниво во Егејска Македонија.

Делови од овој текст се преземени од порталот култура.мк


Најпопуларно


To Top