Кујна

5 митови за чоколадото

Чоколадото предизвикува проблеми со варењето на храната. 
Вистината: Чоколадото не е тешка храна. Истражувањата покажуваат дека порција од 200gr чоколадо се задржува во стомакот во просек околу 1 час. Тоа е многу малку во споредба со времето што е потребно за варење на многу други храни. Но, ако јадете неконтролирано, без разлика дали чоколадо или нешто друго, ќе имате проблеми со варењето.

Црното чоколадо содржи помалку калории. 
Вистината: Млечното и црното чоколадо содржат горе-долу исто калории – околу 560kcal/100gr. Сепак тие се разликуваат по нивниот состав. Млечното чоколадо содржи повеќе калциум (200-220mg/100gr) во споредба со црното (60-100mg/100gr). Црното чоколадо се добива со додавање на масти и шеќер кон какаото. Ова е чоколадо во чиј состав нема млеко како додаток. Млечното чоколадо е чоколадо со млеко во прав.

Чоколадото предизвикува мигрена. 
Вистината: Чоколадото содржи тирамин и фенилетиламин. Тие можат да предизвикаат мигрена, но се застапени во ниска концентрација во чоколадото. Затоа, многу ретко се случува чоколадото само од себе да е причинител на главоболка.

Прочитајте и...  5 лековити зачини кои мора да ги имате во кујната

Чоколадото со повеќе какао е подобро. 
Вистината: Дали чоколадото со повеќе какао е повкусно или не, тоа зависи од индивидуалните преференции на секој човек. Ако чоколадото содржи повеќе какао, тогаш тоа има и повеќе масти. Доколку чоколадото има помалку какао во својот состав, тоа содржи повеќе шеќер. Едно чоколадо кое содржи 60% какао има само неколку калории повеќе, од чоколадото кое содржи 80% какао.

Чоколадото дебелее. 
Вистината: Факт е дека чоколадото е високо калорична храна, но сепак истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат проблеми со тежината не се чоколадохолици. Доколку се јаде умерено, чоколадото не предизвикуваа дебелеење.

Најпопуларно


To Top