in

5 начини на кои витаминот Ц ве разубавува

Здравствените придобивки до сега ги научивте на памет, па затоа денес ве запознаваме со поубавата страна на витаминот Ц.

vitamin c faq thumb 2x

Овие 5 третмани можете да ги замените со витамин Ц уште денес:

1. Здрава и долга коса – Наместо да користите различни средства и козметики, доволно е да јадете намирници како јагоди, слатки компири, мали црвени пиперки… Или пак сите состојки заедно издробете ги и нанесете ги на косата како маска. Оставете ја да делува 20 минути и исплакнете.

2. Вишок енергија – Наместо јога и духовни вежби, доволни ви се неколку сокови богати со витамин Ц во текот на денот. Комбинирајте ги омилените овошја и направете си своја енергетска бомба.

3. Долги и негувани нокти – Растот на ноктите лесно може да се подобри ако консумирате поголема количина на витамин Ц. Можете и да подготвите купка за раце од млака вода и свежо цеден лимон, наместо да давате цело богатство за маникир.

vitamin c

4. Ги спречува заноктиците – Нема подобар маникир од лимонот. Витаминот Ц за само неколку минути ќе ви помогне да се ослободите од заноктиците, без дополнителни третмани.

Прочитајте и...  Истегнувајте го овој мускул секој ден за да ги избегнете болките во грбот

5. Ги брише брчките – Жените во средната доба е најпаметно да земаат зголемена количина на витамин Ц и да го консумираат преку свежа храна. Наместо да се оптоваруваат со скапи креми, доволно е да подготват маска од киви и половина папаја која ќе делува 20 минути.


Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote