Здравје

5 намирници кои ги ублажуваат сезонските алергии

allergy imAGE

Некои видови храна можат да ги ублажат симптомите како што се солзење на очите, протекување на носот, кивање итн. кои го следат алергискиот ринитис. Овие намирници делуваат така што ги ублажуваат воспалителните процеси и го зајакнуваат имунолошкиот систем, а тие се:

Цитрус – истражувањата покажале дека витаминот Ц помага во ублажување на алергиска кивавица.

Домати – освен што содржат витамин Ц, овој зеленчук е богат со ликопен, кој исто така делува антиинфламаторно.

Куркума – позната по своето антиинфламаторно дејство, куркумата благодарение на куркумини кои ги содржи, помага да се намалат отоците и иритациите кои ги следи алергискиот ринитис.

Ѓумбир – свеж или сушен, ѓумбирот изобилува со антиоксиданти и антиинфламаторни состојки. Едно истражување на животни покажало дека ѓумбирот го намалува производството на протеини кои го стимулираат развојот на воспаление во телото.

Риба – скуша, харинга, сардина, лосос – некои студии покажале дека омега-3 масните киселини делуваат противвоспалително и ја зголемуваат отпорноста на организмот од алергии.

Прочитајте и...  Најскапиот лек на светот чини 2,1 милион долари
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top