Занимливости

5 однесувања на мажите кои силните жени не ги поднесуваат

Кога жената е самоуверена и успешна таа има луксуз да одбере со кого ќе го помине нејзиното слободно време и со кого ќе ја потроши својата енергија.

Овие однесувања се оние кои една силна жена не може и не треба да ги поднесува:

Неискреност

Живеењето со интегритет се случува кога нашите вредности, зборови и акции се усогласени. Ова е многу важно за една силна жена бидејќи таа мора да знае кога и кажуваш нешто дека може да ти верува. Кога и кажуваш дека ја цениш, тоа треба и да и го докажеш со своите постапки. Ниту една врска не може да се игради без доверба, а довербата е невозможна ако таа не може да верува во твојот збор. За возврат, секогаш ќе можеш да сметаш на неа. Силната жената оди во секој аспект од нејзиниот живот со интегритет, а истото ќе го очекува и од тебе.

Прочитајте и...  ТРАГЕДИЈА ВО СТРУГА: Додека се шетала дрво паднало врз неа по што ја усмртило

Себичност

Заедно со силна жена доаѓа хуманитарен дух. Таа работи напорно за да создаде изобилен живот за себе, а нејзината великодушност ќе ја поттикне се да споделува со оние околу неа. Ја привлекува некој со слична природа кој има исполнет живот и е подготвен да го сподели со другите. Ова не се однесува само на парите, силната жена е великодушна и со времето, енергијата како и со љубовта. Доколку се ова го чуваш само за себе, нема да изгледаш убаво во нејзините очи.

Апатија

Силните жени не се случајно такви. Тие работат напорно и се поттикнуваат од страста и амбицијата. Ги привлекуваат оние кои го делат истиот начин на размислување. Силната жена човекот кој не се грижи за ништо го гледа како досаден и тажен. Живеј го твојот живот со некоја цел и ентузијазам ако сакаш во него да имаш и силна жена.

Непочитување – кон неа, келнерот или некој друг

Прочитајте и...  Жена си го бојадисува кучето розово, а третман ја чини 150 евра

Силните жени сигурно ќе се однесуваат кон другите со почит и истото го очекуваат од вас. Доколку не ги третирате оние околу вас со учтивост, силната жена ќе ја немате додека да трепнете. Таквото ваше однесување таа ќе го гледа како непочит кон себе си.

Нелојалност

Силната жена е лојална жена, а лојална жена е онаа која го бара истото и од другите. Таа нема вишк време, енергија и љубов да ги троши на некој кој не ја почитува. Ако силната жена дознае дека не си бил искрен кон неа, таа ќе те отстрани од нејзиното срце. Нелојалноста не мора да значи изневерување. Таа може да вклучи и лажење, емоционално изневерување или да ја понижува пред другите. Нелојалноста е една од најтешките форми на непочитување и е апсолутно клучно за врските на една силна жена.

Најпопуларно


To Top