Дом и Градина

Производи кои ќе ви го олеснат чистењето, а сигурно ги имате дома

Совети за чистење кои ќе ви заштедат од времето и истовремено планините од домашни обврски ќе ги претворат во ридови.

#4 Кујна

Додајте лажичка масло од лаванда во еднолитарско шише за прскање.Маслото е нетоксично и антибактериско! Нанесете го растворот и исушете ја површината со хулахопки, кои се одлични за полирање на чешмата. Наместо да користите четка за заби за да го исчистите тој тврд слој на долниот дел на чешмата, завиткајте ја хулахопката околу основата на чешмата и поминувајте наназад и нанапред исто како што полирате чевли. Потребни се секунди наместо минути.

#3 Перење

Додека не можете да направите вашата машина за перење да пере побрзо, можете да го забрзате процесот на сушење. Ако употребувате жица за сушење, штипките се поставуваат на две прекрстени жици за да го забрзаат процесот на сушење или ако користите фен, поставете сува крпа во мократа облека за да ја зголемите површината и да ја исушите побрзо.

Две прекрстени жици за побрзо сушење на облеката.

#2 Дневна соба

Прочитајте и...  Ќе заштедите многу пари доколку го исечете аголот од сунѓерот за чистење, а еве и зошто

Лустери исполнети со прашина, ѕидови покриени со пајажина. Долку испрскате со спреј од лаванда, тоа ќе ги уништи инсектите. Доколку имате многу орнаменти во вашата дневна соба, немојте да ги триете за да се ослободите од прашината. Наместо тоа, ставете ги еден по еден во навлака за перница и дувајте ги со фен. Прашината ќе остане во навлаката.

#1 Тоалет

Земете голема пластична кофа и ставете во неа сè што не е лесно да се измие или не треба да се навлажни – како крпи, тоалетна хартија и сите лосиони и друго кои се наоѓаат на полиците,а потоа ставете ја кофата надвор. Полесно е да се измие просторијата кога тие работи ќе ги тргнете надвор.

Попрскајте ја површината со сода бикарбона и додадете бел оцет. Додека се случува реакцијата, измешајте со мека метла покриена со пар хулахопки. Еден пар хулахопки ќе ви овозможи да допрете и до помалите делови. Користете метла и стара крпа за да го исушите подот.

Прочитајте и...  Поевтино и потопло- совети за потопол дом

Совет: Ако вашата бања има мермерни или варовни површини, ќе ви треба помош од друг производ. Наполнете 500 мл тегла со вода, додадете 2 лажици рендан сапун и 2 лажици алкохол за општа употреба.#


Најпопуларно


To Top