Психологија

5 Работи што треба да ги очекувате од вашиот партнер кој се бори со анксиозност

Тешко е да се живее со анксиозност.
Сепак, некои од најкреативните и влијателни луѓе во светот се бореле со анксиозноста.

Анксиозноста често доаѓа рака во рака со бројни силни лични карактеристики. Тие може да вклучуваат висок IQ, чувствителна душа и креативен ум. Анксиозните луѓе честопати се надарени со желба за постигнување. Тие, исто така, имаат тенденција да се грижат премногу за мислењето на другите.

Еве 5 работи што треба да ги очекувате кога вашиот близок пати од анксиозност

1.Oчекувајте екзактни граници.

Понекогаш анксиозните луѓе – а особено анксиозните интроверти имаат потреба да бидат сами. Тоа не значи дека не ве сакаат или дека имаат одредени резерви кон вашата врска, ним само им треба нивниот личен простор, каде што можат да закрепнат од секојдневниот стрес

betts web banner mobile anxiety

2.Очекувајте да бидете ценети за малите работи што ги правите.

Анксиозните луѓе имаат тенденција да забележуваат сè, дури и најмалите гестови. Ниеден ваш напор насочен кон нив нема да биде земен “здраво за готово”. Меѓутоа бидете претпазливи во вашите постапки со цел да не ја повредите саканата личност.

Прочитајте и...  Психологот Дунар: Жени, дружете се за да бидете поздрави!

3.Очекувајте да бидете одговорни за заедничкото планирање.

Планирањето кај анксиозните луѓе може да предизвика паничен напад, или чувство на внатрешна вознемиреност. Иако е добро да ги вклучите во креирањето на плановите, бидете спремни за да го сносите поголемиот дел од одговорноста.

signs anxiety of anxiety promo 666210

4.Очекувајте да научите некои вежби за длабоко дишење.

Водете го вашиот партнер низ вежбите за длабоко дишење. Тие се неверојатно ефикасни кога се работи за напади на анксиозност и паника.

5.Поттикнете го вашиот партнер да се грижи за себеси.

Објаснете му на партнерот дека здравјето е исто толку важно како и достигнувањата. Поттикнете ја саканата личност да направи своја рутина за т.н. “self-care”, и помогнете му во остварувањето на истата.

Благица Дамевска

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top