Здравје

5 рани знаци на аутизам кои сите родители треба да ги знаат

Аутизмот е тема на која сè почесто се зборува во последниве неколку години, не само во нашата земја, туку и во светски рамки. Според податоците на Центарот за контрола на болестите во САД, денес 1 на 68 деца има некаква форма на ова нарушување, споредено со 1 на 88 деца во 2012 година и 1 на 110 деца во 2010 година.

Затоа, не е воопшто чудно што многу родители на бебиња и мали деца често си го поставуваат прашањето „Дали моето дете има аутизам?“.
01

За да им помогне на многу загрижени мајки и татковци да си го одговорат ова прашање, експертката Кони Касари, професорка по психологија и членка на Центарот за истражување и третман на аутизмот на Универзитетот во Калифорнија, наведе 5 рани предупредувачки знаци на аутизмот кои не смеат да бидат игнорирани.

„Бројни истражувања досега покажале дека раната интервенција е најважна за да се постигнат најдобри резултати кај децата со аутизам и многумина веруваат дека колку порано се открие, толку подобро“ – вели таа.

Прочитајте и...  Светски ден на свесноста за аутизмот - 2 април

1. ДАЛИ БЕБЕТО РЕАГИРА НА СВОЕТО ИМЕ КОГА ЌЕ МУ ДОВИКНЕТЕ?

Вообичаено бебињата кои нормално се развиваат реагираат на своето име, насочувајќи го вниманието кон личноста која им довикува.

За разлика од нив, бебињата на кои подоцна им е дијагностициран аутизам најчесто не реагираат кога ќе го слушнат своето име. Само во околу 20% од случаите овие деца се вртат и ја погледнуваат личноста која им довикува.

Бебињата со аутизам најчесто селективно реагираат на звуци. На пример, бебе со аутизам може да не ја врти главата кога родител му го довикува името, но одеднаш да реагира на вклучувањето на телевизорот.

Често родителите погрешно се сомневаат дека нивното дете има проблеми со слухот.

02

2. ДАЛИ МАЛОТО ДЕТЕ СЕ ВКЛУЧУВА ВО АКТИВНОСТИ КОИ БАРААТ „ЗАЕДНИЧКО ВНИМАНИЕ“?

„Заедничко внимание“ значи детето да му се придружува на друго лице во набљудување на ист предмет или иста активност.

Вообичаено бебињата го пренасочуваат погледот од луѓе кон предмети, гледаат во насоката во која им се покажува со рака или им покажуваат играчки или други предмети на лицата околу себе.

Прочитајте и...  Вишокот маснотии и холестерол го следат човекот уште од древноста

На пример, едно бебе може да покаже со прстот кон куче и да ги погледне своите родители како да сака да каже: „Видете го ова!“

Но, дете со аутизам не погледнува во насоката покажувана од некого, не го пренасочува погледот од луѓе кон предмети и обратно, ниту пак им покажува играчки и предмети на своите родители.

03

3. ДАЛИ ДЕТЕТО ГИ ИМИТИРА ДРУГИТЕ?

Бебињата ги имитираат другите, независно дали преку фацијални движења (на пример, правење смешни гримаси), создавање на конкретни звуци со својот глас, или преку мавтање, плескање со рацете и други слични гестикулации.

Бебињата со аутизам пак, многу поретко ги имитираат туѓите изрази на лицето или гестикулациите со раце.

04

4. ДАЛИ ДЕТЕТО РЕАГИРА НА ЕМОЦИИТЕ НА ДРУГИТЕ?

Бебињата се смеат кога некој им се смее, започнуваат да се кокотат или се насмевнуваат додека си играат со играчки. Кога типично дете ќе здогледа дете што плаче, тоа може да се расплаче за да покаже загриженост.

Прочитајте и...  Вистината за шеќерот

Од друга страна, дете со аутизам можно е да не возвраќа на туѓите насмевки или покани за игра и можно е да изгледа како да не го забележува плачот на другите.

5. ДАЛИ ДЕТЕТО СЕ ВКЛУЧУВА ВО ИГРИ СО ГЛУМЕЊЕ?

Малите деца ги обожаваат игрите со престорување (да глумат дека се мајка, татко, бебе, коњче или куче). Способноста за вакви игри најчесто се развива кон крајот на втората година.

На пример, детето може да глуми дека ѝ е мајка на некоја од куклите, да ѝ ја чешла косата или да ѝ приготвува вечера на шпорет-играчка.

За разлика од него, дете со аутизам може воопшто да не се поврзува со предметите или да се посвети целосно само на една играчка. Некои деца опсесивно ги набљудуваат движењата на своите раце.

Генерално, способноста за игри со глумење отсуствува кај децата со аутизам под 2-годишна возраст.

Доколку сте загрижени поради однесувањето на вашето малечко, консултирајте се со вашиот педијатар.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top