Љубов и секс

5 секс играчки кои треба да ги пробате со вашиот партнер

Имате момче, вашата врска е сè што сте посакувале… Се разбира, тоа е најважното, здрава врска исполнета со љубов, но како и сè друго така и сексот може да стане рутина. Сексот игра огромна улога во секоја врска како начин за интимно поврзување со партнерот, па затоа сигурно не сакате да се случи ова.  

Ако веќе некое време сте заедно со вашиот партнер, време е да престанете со срамежливоста и да ја однесете страста на ново ниво. Срамењето е за пред новите момчиња, а не за пред партнерот со кој сте веќе подолго време. Како да го сторите тоа? Со секси играчки! Но, се прашувате кои се тие секси играчки со кои можете да се забавувате и двајцата?

Секси играчките не се само за сигнл девојките, тие се за сите и можат да донесат повеќе возбуда и забава во вашата врска од што можете да си замислите. Погледнете ги овие неколку идеи кои ќе ја разбудат вашата љубопитноста и ќе ви донесат многу нови задоволства.

Прочитајте и...  Непланиран, спонтан, страстен: Кој секс е најдобар?

ВИБРИРАЧКО ЈАЈЦЕ

Wireless Remote Control Vibrating Egg Bullet Vibrator Massager ...

Не ви се допаѓа името? Не е важно. Вибрирачкото јајце уште познато и како “bullet” е една од секси играчките кои имаат најширока примена и можат да ви пружат најголемо задоволство, без разлика дали го користите сами или со партнерот. Можеби ќе ви звучи како реклама, но со вибрирачкото јајцето ќе доживеете оргазам секој пат! Воедно, оваа ефективна играчка е една од најевтините на пазарот. Ако и двајцата немате претходно искуство со секси играчки, ова е одличен почеток.

ЛИСИЦИ

Дали сакате да си играте господар и слуга? Дали можеби сакате да видите до каде можете да одите пред да тргнете кон посериозно бондиџ искуство? Ако одговорот е ДА, тогаш можете да почнете со лисици.

Лисиците се многу употребувана секси играчка, која можете да ја користите во предиграта или пак за време на самиот однос.

Сакате да му приредите искуство по кое дефинитивно ќе биде уште полуд по вас? Врзете го со лисици и задевајте го, или пак направете го обратното, тој нека ве врзе и нека ви прави што ќе посака. Сепак, пред да ги употребите лисиците воспоставете основни правила на игра, и бидете сигурни дека не се чувствувате неудобно.

Прочитајте и...  Десет работи кои ве прават добри во кревет

Ако ви се допадне ова искуство можеби со тек на време ќе додадете уште „палави“ играчки во вашиот сексуален живот.  

ЛУБРИКАНТИ И МАСЛА ЗА МАСАЖА

Ако се уште не поседувате лубрикант, упатете се кон најблиската продавница. Изборот е голем и лесно ќе најдете некој кој вам ви одговара. Одберете го вистинскиот помеѓу многуте лубриканти со различни мириси, вкусови и оние кои предизвикуваат чувство на скокоткање.

Лубрикантите не ја прават само пенетрацијата полесна, туку и го зголемуваат задоволството.

Како и за секој производ, така и за овој, постојат различни верзии, поефтини, полоши и подобри. Не плашете се да платите малку повеќе ако мислите дека ќе купите поквалитетен производ, бидејќи сепак се работи за нешто кое ќе дојде во допир со вашите (нај)интимни делови.

Маслата за масажа, пак, се тука за да ја збогатат предиграта, доведувајќи ве во вистинско експлозивно расположение.  

МИНИ МАСАЖЕР

Extreme Enjoyment Rechargeable New Products Sex Wand Vibrator Mini ...

Кога велиме мини, мислиме на мини и супер дискретно. Мини масажерот е одличен ако не сте имале претходно искуство со слични играчки, бидејќи големите дилда понекогаш можат да изгледаат и застрашувачки. Кога сакате да воведете нова играчка во спалната, можете да почнете со нешто помало, а овој мини масажер е одлична опција.

Прочитајте и...  Нов Зеланд си најде ново хоби за време на карантинот-продажбата во продавниците за секс играчки триплирана

Во споредба со поголемите вибратори, вибрации се исто толку силни, но доаѓаат во мало пакување. Можете да го искористите во предиграта, како и за време на сексот.

ВИБРИРАЧКИ ПРСТЕН ЗА ПЕНИС

Vibrating Ring

Не е тајна дека некои жени имаат потешкотии за доживеат оргазам, а вибрирачкиот прстен за пенис е тука да помогне. Овој прстен се става на коренот на пенисот, при што го притиска пенисот и ја отежнува циркулацијата на крвта правејќи го поцврст и одложувајќи ја ејакулацијата. Истовремено прстенот вибрира, при што вибрациите го стимулираат клиторисот. Задоволството е заедничко.

Каква секси играчка и да одберете вие и вашиот партнер, бидете сигурни дека купувате нешто со кое и двајцата ќе се чувствувате удобно и пријатно и не заборавајте да се забавувате и да уживате во моментот.

Најпопуларно

To Top