in

50 години од смртта на легендарниот Џими Хендрикс – Приказна за најдобриот гитарист на сите времиња

Денес се навршуваат точно 50 години од смртта на најдобриот гитарист на сите времиња- Џими Хендрикс.

Се чувствувал како да не припаѓа во Њујорк и добивал само настапи по ноќни клубови. Бил перфекционист и сакал да оди по стапките на својот британски идол, па на 24 септември 1966 година, од Америка заминал во Лондон. Не можел да одбере подобро време за да замине во тој град. Со себе ја понел само гитарата, пантолони, кошула, розеви пластични витлери и крема за акни. „Клептон е БОГ!“, пишувало на графитите во улиците на Лондон. Ерик тогаш важел за најдобар гитарист на светот. Тогашниот пријател на Џими, а подоцна и менаџер, Чес Чендлер, му ветил дека ќе го запознае со Ерик Клептон, кој во тоа време ја освојувал публиката со својот бенд „Cream“. За помалку од 48 часа о слетувањето во Лондон, Чес Чендлер го однесол Џими на свирка на која присуствувале Ерик Клептон, Џинџер Бејкер и Џек Брус. За време на настапот Џими го замолил Чендлер да го праша Клептон дали му се придружи на бината, а Ерик на својот стар пријател Чендлер му направил услуга, па прифатил „афро анонимусот од Америка“ да се качи на бината под еден услов, да отсвири со него само една песна. На Хендрикс тоа му било сосема доволно. Од публиката се слушале гласови „го надмина Богот, го надмина Клептон“. Свирел со гитарата зад грб, меѓу нозете, со заби. Толку ја импресионирал публиката со својата умешност, што Клептон засрамено и навредено избегал зад бината. Во себе си помислил „Што е ова драги Боже“. Кога Чендлер го прашал што се случува, Клептон му одговорил: „Дали навистина е толку е*ено добар?!“. Сепак тој настап бил само почеток на едно големо пријателство помеѓу двајцата гитаристи.

Прочитајте и...  16 примери кои покажуваат дека Холивуд снима исти филмови секоја година

Стинг во една прилика изјавил дека ја гледал емисијата „Top of the Pops, во декември 1966, кога настапувала групата на Џими Хендрикс- „Еxperience“ и дека после тоа ништо веќе не било исто. Кога слушнал дека настапуваат во клубот „Go- Gou“, иако имал само 15 години, поради неговата висина успеал да влезе во клубот. Моментот го запишал во својата автобиографија: „Концертот беше потоп. Се сеќавам дека Хендрикс со гитарата направи дупка во гипсениот таван над бината и тогаш на концертот му дојде крај. Додека таа ноќ лежев во својата постела, во ушите сеуште ми ѕвонеше, а мојот поглед кон светот се промени во голема мера“.

Џими Хендрикс живеел само 27 години, а сепак целиот свет ќе го памети засекогаш.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote