Наука

5G – опасноста што всушност, не е опасност

Како еден научник и неговите неточни заклучоци доведоа до непотребен страв од безжичните технологии.

Во 2000 година, училиштата Broward во Флорида, САД, добиле вознемирувачки извештај. Како сите останати влијателни училишта во тој регион, тие планирале да воведат лаптопи и безжична мрежа во наставата, за своите 250 000 ученици. Дали имало ризик од технологијата?

Училишната област побарала мислење од Бил П. Кари, консултант и физичар, во врска со прашањето. Тој одговорил дека било „многу веројатно новата технологија да биде опасен ризик по здравјето“. Тој ги претставил своите резултати во голем график означен „Асорпција на микробранови во мозочно ткиво (сива материја)“.

Графикот покажува дека дозата која е апсорбирана од мозокот се зголемува од лево кон десно, со зголемување на фреквенцијата на безжичниот сигнал. Кривата е нежна на почетокот, но кога се доближува до безжичните фреквенции кои се користат, нагло расте, што би значело опасно ниво на озрачување.

„Загрижен сум поради овој график“ – напишал Др. Кари. Текстот во неговиот извештај во детали објаснува како радио брановите може да бидат причина за рак на мозокот, опасна болест која ги убива голем дел од пациентите кои го имаат.

Со тек на годините, предупредувањето на Др. Кари се проширува надалеку, резонира кај наставниците, потрошувачите и градовите, како што фреквенциите на мобилните мрежи, репетиторите и безжичните мрежи се зголемуваа. Во голем процент, стравот од 5G мрежата може да се следи до овој еден научник и еден график.

Графикот на Др. Кари од 2000 година

Само што, Др. Кари сфатил се погрешно.

Според експертите кои се занимаваат во областа на биолошките ефекти од електромагнетното зрачење, радио брановите се побезбедни на поголеми фреквенции, не поопасни. (Брановите со екстремно високи фреквеции, како Х-зраците се однесуваат поинаку од радио брановите и претставуваат ризик).

Во неговото истражување, Др. Кари ги истражувал ефектите на радио брановите врз ткива кои се изолирани во лабораториска околина, и погрешно ги толкувал резултатите, со што заклучил дека истото важи и за клетките кои се наоѓаат длабоко во човечкото тело. Тоа што не го зел во пресметката, е заштитниот ефект на човечката кожа. На повисоки радио фреквенции, кожата влијае како заштитна обвивка и ги штити внатрешните органи, вклучувајќи го и мозокот, од влијание. Кожата дури ги блокира и повисоките фреквенции кои доаѓаат од сончевата светлина.

„Радио брановите не ја пробиваат кожата“ – кажува Др. Кристофер М. Колинс, професор по радиологија во универзитетот во Њујорк кој ги проучува ефектите на електромагнетните бранови врз луѓето. Графикот на Др. Кари, додава, не го зема во предвид „ефектот на заштита“.

Прочитајте и...  На ФЕИТ ќе биде отворена прва лабораторија за тестирање на 5Г

Др. Марвин Ц. Зискин, пензиониран професор по медицинска физика во Темпл Универзитетот за медицина, се согласува. Со децении, Др. Зискин истражувал дали високите радио фреквенции може да донесат болести. Многу експерименти, вели, ја поддржуваат безбедноста на високо фреквенциските радио бранови.

Покрај неточните проценки на Др. Кари, информацијата е проширена од веб портали, неточни статии кои ги поврзуваат мобилните телефони со рак на мозокот и служат како докази во судски спорови кои бараат да не се воведат нови безжични технологии. Со време, ехоа од неговите извештаи доаѓаат до Руски веб портали кои шират дезинформации за 5G технологијата. Се што започна како едноставен график, се претвори во студија колку тоа неточните истражувања може да се „закоренат“ и да расцветаат.

Голема грешка

Др. Кари не е првиот што ја поттикнува идејата дека напреднувањата во безжичните технологии може да носат големи ризици. Во 1978, Пол Бродур, новинар, ја објавува статијата „The Zapping of America“, која ја поттикнува идејата дека зголеменото користење на високи фреквенции може да го загрози здравјето на човекот.

Местото на 5G мрежата во спектарот

Најновата технологија на мобилни мрежи, 5G, ќе функционира на скоро највисоките фреквенции во радио спектарот. Подолу на спектарот се безжичните мрежи кои се користат комерцијално.

Воглавно, извештаите на Др. Кари го доведуваат во фокус влијанието на безжичните мрежи врз јавното здравје. Тој предупредил дека децата биле посебно ранливи на ризикот од рак од безжичните технологии. „Нивните мозоци сеуште се развиваат“ пишува тој во неговиот прв извештај.

Др. Кари е член на група на критичари на безжичните мрежи, и неговите два извештаи за Broward училиштата наскоро започнале нагло да се шират. Еден од нив стигнал до Др. Дејвид О. Карпентер, кој со децении се судирал со научната заедница во одност на ризиците од радио брановите.

Резимето на Др. Карпентер е импресивно. Дипломирал со сите почести на Харвард во 1959 и со почести од медицинскиот оддел во 1964. Од 1985 до 1997, работел како декан во Училиштето за јавно здравје на државниот универзитет Њуjорк, а во 2001 станал директор на Институтот за здравје и екологија, каде што се уште работи. Тој е автор на стотици истражувања, извештаи, грантови, награди и слично.

Прочитајте и...  Гаговски: 5G e нејонизирачко зрачење и не може да влијае на нашето здравје

Др. Карпентер започнал глобалната контраверзија во 80те, со тоа што тврдел дека високо напонските жици за струја може да предизвикаат леукемија кај децата, но научниците не успеале да најдат доказ за да го поткрепат тврдењето.

Др. Дејвид О. Карпентер

Во 2011 година, Др. Карпентер го претставува истражувањето на Др. Кари во судски спор, кој бара од јавните училишта во Портланд да ги исклучат своите безжични компјутерски мрежи. Спорот е покренат од родител од училиштето.

Како сведок – експерт, Др. Карпентер вели дека графикот покажува како асорпцијата на радио брановите „се зголемува експоненцијално“ како што расте фреквенцијата, со што ги нарекува „огромен ризик врз здравјето на учениците“.

Судскиот спор бил отфрлен бидејќи околниот суд немал влијание врз одлуки на федералната влада.

Покрај ваквата одлука, изјаснувањето на Др. Карпентер во 2011, се проширува, па во 2012 почнува да циркулира на интернет помеѓу критичарите на безжичните мрежи.

И тогаш „увидел“ нова закана. Помеѓу 2010 и 2012, фреквенциите на тогаш новата технологија на мобилни мрежи, 4G, нагло се зголемија споредено со дотогаш користената 3G мрежа. Др. Карпентер сега имаше поголема и поитна цел, со оглед на фактот дека мобилните телефони се држат блиску до главата.

„Сега има многу повеќе докази од ризикот врз здравјето, со што се влијае врз милијарди луѓе“ вели тој во неговиот извештај од 1400 страници за опасностите од безжичните мрежи.

Неговиот извештај Биоиницијатива, објавен во 2012, се прошири низ целиот свет, но науката ги побива заклучоците. Двајца научници од Оксфорд Универзитетот го опишуваат како „научно дискредитиран“.

„Фактот“ се роди

Трпеливо, Др. Карпентер работеше напорно за да ја ревидира востановената наука. Во 2012 тој станува уредник на Ефектите на јавното здравје, квартално списание кое објавува неколку автори кои донеле алармни заклучоци, како и своите.

„Брзиот раст на користењето на мобилните телефони го зголемува ризикот од рак, неплодност и невробиолошки деформираности“ – пишува тој.

Во годините подоцна, како што се зголемува користењето на мобилните уреди, тврдењето за „ризикот“ од рак често се спомнува, без поврзаност со Др. Кари или Др. Карпентер. Наместо тоа, активистите го сметаат за „факт“ на модерната наука.

„Што поголема фреквенцијата, тоа поопасно“ – според Ризици од Радијација, вебсајт, во референца за сигналите од 5G кулите. Идејата понатаму ја проширува  5G Exposed – „Високите фреквенции се опасни за нашето здравје“ – на страница крстена „научна дискусија“.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Икеа направи завеси кои ќе го прочистуваат воздухот

Неодамна, Др. Карпентер во интервју за РТ Америка, руска ТВ мрежа, кажува дека најновите мобилни телефони се „огромен ризик за нашето здравје“. „5G мрежата е многу опасна“, вели тој. „Никој нема да може да ја избегне радијацијата“.

Денес мобилните телефони користат голем опсег на радио фреквенции, десетици пати поголеми од тие што Др. Кари ги сметал за „опасни“ пред две децении. Научниците денес се уште не гледаат доказ од „ризикот“ од радио брановите.

„Доколку телефоните беа поврзани со рак, досега ќе видевме многу повеќе пациенти“ вели Дејвид Роберт Грајмс, научник кој ги истражува раковите во универзитетот во Оксфорд, за Гардијан. „Но сепак не гледаме такви случаи.“

Во поново интервју, Др. Карпентер го брани ставот за високите фреквенции. „Ги имаме сите овие докази дека радио брановите можат да влијаат врз мозокот“, вели тој, но попушти по кратка дискусија за тоа како поголемите фреквенции не се апсорбираат толку лесно од човечкото тело „Можеби има легитимност во тој поглед“, вели тој.

Тој забележува дека, во градовите, 5G мрежата бара поставување на голем број на предаватели, бидејќи ѕидовите, зградите, дождот, лисјата на дрвјата и други објекти ги блокираат сигналите од високите радио фреквенции. „Затоа ставаат толку многу предаватели многу блиску меѓу себе“ вели тој. „Брановите не пенетрираат“. „Доколку кожата ги блокира 5G сигналите, можеби и не е толку голема работа“ признава Др. Карпентер.

Др Кари, сега на 82 годишна возраст, во интервју вели дека повеќе не се занимава со безжичната индустрија, и негира дека знае дека направил грешка во извештајот.

„Може да си кажуваат што сакаат“, вели Др. кари. „Ќе оставам на младите да донесат заклучок.“

За крај, неколку кратки факти:

  • 5Г не убива птици
  • Во Холандија не страдале птици
  • Во Холандски парк бил извршен тест на 5Г и истиот нема никаква врска со поморот на птиците
  • Овие написи во серија ги прави фанатик со име John Kuhles кој има повеќе анти 5Г сајтови и сајтови со теории на заговор
  • John Kuhles е истиот човек што тврдеше дека силните пожари во Калифорнија кои однесоа човечки жртви беа предизвикани директно од силно енергетско оружје кое е одмазда на „Владејачките елити“ врз земјата која го забрани ширењето на 5Г технологијата.

Њујорк Тајмс

Најпопуларно


To Top