Занимливости

6 дизниеви бајки чии оригинални верзии ќе ви го уништат детството (прв дел)

Додека ги гледаме нашите омилени бајки преточени во цртани и филмови ние ретко размислуваме за значењето кое е сокриено во нив. Но ако нурнеме малце подлабоко ќе сфатиме дека Рапунзел е бајка за една несреќна љубов, Снежана немала маќеа, а Пинокио требало да има еден сосема поинаков крај. И што повеќе навлегуваме во деталите, толку поинтересни стануваат приказните. Ние од Публицист ќе се погрижиме да ви откриеме интересни детали од вашите омилени бајки и ликови и ќе се потрудиме бајките никогаш да не бидат заборавени од возрасните.

„Рапунзел“

Discover 7 creepy aspects of the original Rapunzel... - Dazzling News

Рапунзел била самохрана мајка. Многу луѓе се сеќаваат на Дизниевиот анимиран филм за една принцеза која целиот свој живот била заробена во кула, но ќе биде киднапирана од многу згоден арамија. Но во оваа бајка не е се така едноставно. Најпрво бајката за Рапунзел не била само интересна, забавна приказна. Таа била направена со цел да ги предупреди девојките за предбрачните врски. Во оригиналната приказна згодниот принц неколку ноќи провалува во кулата каде што Рапунзел била затворена. По некое време, девојката забележува дека фустанот и станува тесен, а стомакот и расте секој ден. Нејзината маќеа- вештерка дознала за бременоста, и ја скратила косата и ја исфрлила Рапунзел во пустината. Но таа никогаш не се откажала, родила близнаци и живееле во очекување на нејзиниот сакан принц, кој ја пронашол својата љубов после неколку години.

Прочитајте и...  Единствениот човек на кого Иво Андриќ му напишал предговор

„Убавицата и ѕверот“

„Пинокио“

Pinocchio, a Horror Story | Better Living through Beowulf

„Пинокио“ на Дизни потекнува од италијанскиот класик Карло Колоди „Авантурите на Пинокио“ од 1883 година. Можеби мислите дека Пинокио е непослушен во филмот, но тој е уште повеќе непослушен во самата книга. Во книгата, тој бега веднаш штом ќе научи да оди. Ќе го најде полицијата која го затвора Гепето мислејќи дека го малтретира Пинокио. Пинокио се враќа дома и го убива штурецот што зборува бидејќи го предупредил за опасностите од хедонистичките задоволства и непослушноста. Гепето е ослободен и инсистира Пинокио да оди во училиште. Си го продава палтото за да му купи буквар, но Пинокио го продава букварот за да гледа претстава со марионетки. Пинокио ги среќава Лицесот и Мачорот, кои успеваат да го измамат и да му ги земат парите. Во една шума, тие го напаѓаат Пинокио и го обесуваат на еден даб, но го спасува самовилата. 
Откако ќе го спаси Гепето од утробата на една голема ајкула, Пинокио станува добар и за награда се претвора во вистинско момче.

Прочитајте и...  30 скапоцени лекции секоја мајка треба да ги вреже во умот на својот син

„Заспаната убавица“

Во приказната на Џамбатиста Базил (вистинското потекло на „Заспаната убавица“) кралот поминува покрај замокот на Заспаната убавица, тропа на вратата, но никој не отвора. Тогаш тој се качува по една скала и влегува преку прозорецот. Ја здогледува принцезата и ја довикува. За кратко, сфаќа дека не се буди, дека е во несвест. Ја носи во креветот и ја силува. Потоа си заминува… Таа се буди откако ќе се породи бисејќи едно од нејзините близначиња го цица нејзиниот прст на кој се боцнала на вретеното. Кралот се враќа. И покрај тоа што ја силувал, тие ќе се заљубат еден во друг? Како и да е, нов проблем: Кралот е се уште оженет за друга. Неговата сопруга дознава и не само што се обидува да ги убие близначињата, да ги зготви и со нив да го храни кралот, туку се обидува и да ја запали на клада Заспаната убавица. За среќа, сето тоа било неуспешно. Кралот и принцезата се венчаваат и живеат среќно до крајот на животот (и покрај фактот што ја силувал). Но, на адаптацијата на Шарл Перо е базиран анимираниот филм на Дизни.

Прочитајте и...  Некогаш и сега: „Децата“ на Дизни

„Кралот Лав“

Classic Lit vs. Pop Culture Classics: Hamlet and Disney's The Lion ...

Кралот Лав е лабава адаптација на „Хамлет“ од Шекспир. Љубоморниот брат го убива кралот. Неговиот син дознава за ова и сака да се одмазди. Розенкранц и Гилденстерн, односно Тимон и Пумба, му го одвлекуваат вниманието на љубоморниот брат. На крајот, синот го убива злобниот, љубоморен брат. Всушност, во верзијата на Шекспир сите умираат, не само злобниот брат познат како „Клавдиј“.

„Снежана и седумте џуџиња“

Најпопуларно

To Top