in

6 правила за основна етика кои повеќето од нас секојдневно ги прекршуваат

Добрите манири се исто толку различни како и луѓето кои ги покажуваат. Ескимите ги тријат своите носови кога се поздравуваат, Јапонците секогаш ги соблекуваат чевлите пред да влезат дома, а Тајландците никогаш не ги соблекуваат чевлите – тоа се смета за непристојно. Како и да е, постојат некои етички правила кои треба да се почитуваат без разлика од која националност сте. После се, секој треба да сака да е примерен човек!

Ние од Публицист сакаме да ви го насочиме вниманието кон честите етички грешки кои секојдневно ги забележуваме насекаде околу нас.

1. Носење на женските чанти

Нашите телефони секој ден стануваат се поголеми и не остана некој којшто нема чанта за да го носи својот телефон. Еве како да се справите со тоа:

  • Секогаш носи ја чантата на твојата лева рака или рамено така што вашата десна рака ќе биде слободна за поздравување.
  • Никогаш не ја носете чантата на вашата девојка/жена ако сте маж, дури и ако ја сакате премногу. Ова не ги вклучува тешките торби од продавница.
  • Не ја ставајте чантата на масата или на подот до вас во ресторан. Или ставете ја на вашиот стол или на кука што се наоѓа или од страната на масата или директно под неа.

2. Покажување почит во теретана

Фактот што не е балска сала или канцеларија не значи дека може да правиме што сакаме, непочитуваќи ги другите.

  • Каснење на некоја групна активност не значи дека можете да ги истуркате сите за да дојдете до вашето омилено место. Ваша вина е, затоа заземете го кое било слободно место и не ја блокирајте опремата.
  • Кога завршувате со користење на справите, повторно поставете ги на минималната тежина. Така следната личност која ја користи справата нема да се повреди ако почне со вежбање без да погледне колкава е тежината. Верувајте ни, се случува.
  • Користете крпа за да ја избришете вашата пот од справите.
Прочитајте и...  Не сака да слушне за пензија: 98-годишен дедо се врати на работа, а еве што им порача на луѓето кои секогаш се жалат

3. Добро однесување во јавните места

Како членови на опшеството, од нас се очекува да се однесуваме на одреден начин кога сме опкружени со луѓе.

  • Постојат три типа на луѓе во светот: тие што подрануваат, тие што доаѓаат навреме и тие што доцнат. Ако не сте од првиот тип, ќе мора да поминувате пред луѓе во театарот. Единствениот правилен начин да го направите тоа е да сте свртени кон нив со лицето, а не со грбот.
  • Ако сте од првиот тип, вие ќе бидете тие што мора да ги пуштате луѓето да поминат. Во овој случај, не останувајте седнати. Незгодно е за другите да мора да скокаат преку вашите нозе. Станете и направете го тоа полесно за нив.
  • Кога зборуваме за јавните места – зборувањето на телефон, коментирање на тоа што се случува пред нас или зборување со комшиите е непристојно во театрите. Последните две можат да се случат на спортски натпревар, но воздржете се од викање на вулгарни работи кон играчите. Луѓето одат на овие настани со една цел – за да уживаат во нив. Слушањето на вашиот џагор не му е забавно на никого.
Прочитајте и...  Сите го сакаат: Овој тепих е толку популарен што има свој Инстаграм профил

4. Манири на масата

https://www.instagram.com/p/BnlaK5FlDaZ/?utm_source=ig_embed

Според времето кое ние сите го поминуваме јадејќи во ресторани, точно е дека треба да знаеме некои правила.

  • Користењето на салфетки може да изгледа лесно, но и таму има правила кои треба да се следат. Ако морате да заминете од масата накратко, ставете ја салфетката на столицата. На луѓето нема да им се допадне погледот кон салфетка на масата додека вие сте заминати. Ако сте завршиле со јадење, оставете ја салфетката на масата, а не на чинијата. Тоа е знак до келнерот дека сте завршиле со јадење и дека треба да дојде да ги земе нечистите чинии.
  • Вашата виљушка, треба да ја оставите на чинијата ако треба да се одморите од јадењето. Ако не сте сигурни која виљушка треба да се користи прва, почнете со таа најдалеку од чинијата.
  • Незгоден момент е кога ќе отидете кај некого на гости и на масата има јадење на кое вие сте алергични. За да се избегне несакана ситуација изевестете го домаќинот за јадењата кои вие не можете да ги јадете поради здравствени причини. Ќе ве спаси двајцата од неволја.

5. Облекување во согласност со пригодата

Облекувањето може да биде тешко кога има толку многу опции, а толку малку сигурност за тоа што е правилно, а што не. Еве неколку корисни совети:

  • Обична облека: Може да биде се од блуза и фармерки до куси пантолончиња и кошула. Дознајте дали ќе бидете внатре или ќе излагате надвор и прашајте ги другите што ќе носат.
  • Кежуал Петок: Ова се случува секој петок во фирмите и не значи „обично“ како во претходниот пример. Можете да сретнете некој вработен со повисок ранг кој одлучува за вашата иднина, па затоа зошто да ја ризикувате со сандали?
  • Деловно обично: Трикот овде е да се биде уреден. Фрлете ја облеката која ве стега или е многу лабава и бидете во стил. Никогаш не знаете со кого ќе се сретнете.
  • Деловно формално: Ова е совршено за професионалци кои секогаш сакаат да изгледаат прекрасно и се свртени кон качување по ранговите. Одело и чевли за мажи и салонки, сукња и сако за жени.
Прочитајте и...  10+ модели кои ги рушат сите стандарди - убавината е во нашите несовршености

6. Да се биде љубезна личност

https://www.instagram.com/p/Bb_9P1Dhlm7/?utm_source=ig_embed

Има две едноставни правила кои прават луѓето да ти се заблагодаруваат во нивните мисли.

  • Кога чекаш ред во продавница, не зборувај на телефон. Особено кога продавачот веќе зборува со тебе. Не е пристојно да ги застојувате сите со вашите разговори.
  • Не ги носете вашите миленичиња секаде каде што одите. Тие не уживаат во купување, дури и ако е во продавница за миленичиња. Другите луѓе исто така можеби не уживаат во вашето куче. Истото важи кога сте поканети на куќна забава. Најпрво прашајте за дозвола од домаќинот.

Бројот на луѓе во светот постојано се зголемува, па едноставно треба да сакаме да научиме како да живееме заедно. Се надеваме дека овие лесни совети ќе ви помогнат.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote