Филм & ТВ

6 привлечни и прогонувачки македонски филмови

Македонија има филмски скапоцени камења кои ќе ве изненадат, зачудат, шокираат и ќе ве насмеат – понекогаш се во исто време.

#1 Пред дождот

Пред дождот е филм од 1994 година, режиран од Милчо Манчевски. Овој филм во 1994 година беше номиниран за филмската награда Оскар.

Филмското дејство на „Пред дождот“ поседува сопствена консеквентно спроведена драматуршка логика и од неа, всушност, и извира оној недвосмислен квалитет и шарм на ова остварување. Филмот е во времетрање од 119 минути и е снимен во вајдскрин техника, со звук, во боја и 35 мм.

#2 Самоунишутвање

Самоуништување е игран филм од 1996 година. Режиран е од Ербил Алтанај, по сценарио на Сашко Насев, а како продуцент и во главната улога се јавува Јовица Михајловски.

#3 Збогум на 20-тиот век!

Збогум на 20-тиот век е македонскифилм од 1998 година, режиран од Дарко Митревски и Александар Поповски, со Никола Ристановски, Лазар Ристовски, Владо Јовановски, Софија Куновска и Тони Михајловски во главните улоги.

Прочитајте и...  13 трилери кои ќе ви го покачат адреналинот

Филмот е добитник на наградата „Méliès d’Argent“ за најдобар европски филм од областа на фантастиката на Меѓународниот Филмски Фестивал „Expo Cine“ оддржан во Хелсинки во 1999 година. Беше и македонски избор за номинација за Оскар за најдобар странски филм, но не успеа да влезе во потесниот круг на избрани.

#4 Сенки

Сенки е филм од 2007 година, режиран, продуциран и напишан од страна на Милчо Манчевски. Сниман е на повеќе локации во Скопје, Охрид и неколку други места низ Македонија. Сенки беше македонски кандидат за номинација за Оскар на 80тото доделување на наградите на Академијата, но истиот не влезе меѓу петте номинирани.

#5 Бал-кан-кан

Бал-кан-кан е македонски филм во италијанска копродукција, кој го следи животот на македонски бегалец кој патува низ балканот за да ја пронајде својата свекрва која е завиткана во тепих. Дарко Митревски е режисер и сценарист на филмот, а Владо Јовановски, Адолфо Маргиота, Ѕвездана Ангеловска и Тони Михајловски ги играат главните улоги. Добитник е на Специјалната награда од филмските критичари на Русија на XXVII Московски Меѓународен Филмски Фестивал оддржан во 2005 година.

#6 Тетовирање

Тетовирање е македонска драма од 1991 година, режиран од Столе Попов, со Столе Аранѓеловиќ, Мето Јовановски, Љиљана Меѓеши, Јовица Михајловски, Кирил Поп-Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински и Данчо Чевревски во главните улоги. За овој филм, Столе Попов бил награден со наградата „Златна мимоза“ на Филмскиот фестивал во Херцег Нови во 1991 година, во категоријата за најдобра режија. Неофицијално, Тетовирање е и првиот македонски филм понуден за номинација за престижната филмска награда Оскар, но не бил прифатен од Академијата.

Најпопуларно


To Top