Психологија

6 знаци кои укажуваат на висока емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција преставува способноста да бидеме свесни за, да ги контролираме, да ги изразиме своите емоции и да ги разгледуваме меѓучовечките односи разумно и сочувствително.
Идејата – дека способноста за разбирање и управување со емоции во голема мера ги зголемува нашите шанси за успех – брзо се рашири и продолжи во голема мера да влијае на начинот на кој луѓето размислуваат за емоциите и човечкото однесување.

54729253 269316370657085 742317129256140800 n

Но, како изгледа емоционалната интелигенција, манифестирана во секојдневниот живот? И како знаеме колку изнесува нашата емоционална интелигенција?
Одговорите на овие прашања ќе ги најдете во знаците опишани подолу.

1. Размислувате за чувствата.

Емоционалната интелигенција започнува со она што се нарекува само-социјална свест, способност да ги препознаете емоциите (и нивното влијание) и кај вас и другите.

Таа свест започнува со размислување. Вие поставувате прашања како:

Кои се моите емоционални предности? Кои се моите слабости?

Како моето сегашно расположение влијае на моите мисли и донесување одлуки?

Прочитајте и...  5 особини кои се карактеристични за интелигентните личности

Што се случува под површината што влијае врз она што другите го кажуваат или прават?

Размислувањето прашања како овие даваат вредни сознанија кои може да се користат за ваша корист.


2.Критиките ги гледате како корисни

49398597 328977521048227 2046217896937390080 n

Никој не ужива негативни повратни информации. Но, знаете дека критиката е шанса да се научи, дури и ако тоа не е испорачано на најдобар начин. И дури и кога е неосновано, тоа ви дава шанса да погледнете во тоа како другите мислат.

Кога добивате негативни повратни информации, размислувате логички, а не емоционално и се запрашувате самите себеси: Како тоа може да ме подобри?

3. Покажувате автентичност.

Автентичноста не значи споделување на сè за себе, на секого, цело време. Тоа значи да се искажат нашите мисли, да го мислите тоа што го кажувате, и најбитно од сè е да се држите до вашите принципи и морали.

Знаете дека не сите ќе го ценат споделувањето на вашите мисли и чувства. Но, оние на кои што сте им важни, ќе го ценат.

Прочитајте и...  Како да го мотивирате детето за учење

4. Демонстрирате емпатија.

48422235 976696299191465 3576621311230738432 n

Способноста да се покаже емпатијата, која вклучува разбирање на мислите и чувствата на другите, ви помага да се поврзете со другите. Наместо да судите или да ги етикетирате другите луѓе, работите напорно за да ги видите работите преку нивните очи.

Емпатијата не мора да значи согласување со гледиште на друго лице. Напротив, станува збор за стремеж да се разбере – што ви овозможува да изградите подлабоки, порелевантни односи.

5. Знаете кога да кажете “извини”.

Потребна е сила и храброст за да може да се каже едно обично “извини”. Но, тоа покажува понизност, квалитет што природно ќе ги привлече другите кон вас.

Емоционалната интелигенција ви помага да сфатите дека извинувањето не секогаш значи дека сте погрешиле. Тоа значи да ја вреднувате вашата врска повеќе од вашето его.


6. Простувате и заборавате.

52806654 295313461157244 1260215594456711168 n

Да се биде “злопамтило” е како да оставате нож во веќе направената рана. Додека другата страна која повредува, најчесто продолжува со животот, ние сеуште се бориме со болката која тие ни ја нанеле.

Прочитајте и...  10 помалку познати начини за намалување на стресот

Простувањето и заборавањето е најдобрата работа која можете да ја направите за себеси, никој во вашата околина не може да ве осудува земајќи ги во обзир вашите емоции, а вие продолжувате понатаму.

Најпопуларно


To Top