Психологија

7 фрази што никогаш не треба да ги кажувате во врска, освен ако сакате да раскинете

Кога за првпат ќе започнете да се запознавате со некого, настојувате да се однесувате најдобро, повеќе од спремни сте да направите компромис и честопати да бидете љубезни.

Но, на крај, како што поминува времето, почнувате да се чувствувате удобно, толку многу што понекогаш кажувате работи кои не ги мислите.

Понекогаш извинувањето помага, но понекогаш ова ја оштетуваат врската, што значи ако не сакате да ставите крај на вашата врска пробајте да ги избегнете овие фрази по секоја цена.

Ти реков!

Оваа фраза треба да ја изговараат само мали деца.

Таа е знак за незрелост и прави другиот да се чувствува глупаво. Доколку го кажуваш ова повеќе пати ќе премине во незадоволство и може да дојде до крај на врската.

Од друга страна, да се биде почувствителен ќе ви помогне да ја зацврстите вашата врска.

Ти не можеш да го направиш тоа!

Зборот “не може” треба да го користи само родител, а не и романтичниот партнер.

Прочитајте и...  Истражување: Три четвртини од музичарите страдаат од одреден вид ментална болест

Во секоја врска има ситуации кога еден од партнерите не сака другот да направи нешто.

Пример трошење на парите испланирани за заеднички одмор на пар штикли или видео игри.

Ќе сакаш да му кажеш дека “не може да го стори тоа”, но проблемот е во тоа што ние не сме одговорни за нашиот партнер – велејќи го зборот “не може” прави да изгледаме како да го контролираме партнерот.

“Премногу си чувствителен/чувствителна” или “смири се”

Кажувајќи и на другата половина да се смири е како да кажуваш да биде 10 пати повеќе нервозна.

Луѓето така се чувствуваат, не пробувајте да го намалите тоа, туку пробајте да сфатите како се чувствува партнерот.

Сè што започнува со “секогаш ти” или “ти никогаш”

Кога го обвинуваш партнерот не може да има продуктивен разговор. Тоа веднаш го става другиот во одбранбена состојба.

Не се фокусирајте на недостатоците на вашиот партнер, туку фокусирајте се на она што и треба на вашата врска.

Прочитајте и...  Ирационални мисли и стравови кои ви создаваат најмногу емоционални проблеми

Ако ме сакаш, ти ќе ….

Никој не треба да се чувствува под притисок да направи нешто што не сака да го направи само за да ја докаже својата љубов.
Тоа не е љубов, тоа е нефункционална врска.

Не ме интересира.

Кога ќе престанете да се грижите за тоа што има вашиот партнер да каже, а уште полошо тоа вербално да му го кажете, целосно ја исклучува неговата желба да ви се довери. Со тоа само го туркате во рацете на друг.

Како и да е…

Кога си нервозна и навистина не сака да слушнеш што има да каже твојот партнер лесно е да се каже, но тоа е крајно грубо.

Доколку не сакате да го слушате вашиот партнер, на крајот, ќе го слуша некој друг.

Најпопуларно


To Top