Животински свет

7-годишно момче спасило повеќе од 1.350 кучиња и над 50 мачиња од стационар во кој ги убивале

Роман МекКон од Грузија кој има само 7 години спасил над 1.350 кучиња и над 50 мачиња од стационар во Тексас.

Стационарот во Тексас ги чува животните на определено време, а потоа ги убива за да направи место за нови животни.

Ова детенце, заедно со неговата мајка ги пренесува животните од Тексас во Вашингтон каде што се вдомуваат.

Роман својата хуманитарна акција ја започнал на само 4 годишна возраст кога ги замолил своите роднини и пријатели да донираат пари за неговиот омилен стационар, а веднаш потоа започнал со наоѓање на топол дом за животните од Тексас.

Роман присуствувал и на The Ellen Degeneres Show каде што Елен му подари 20.000$ кои тој ги искористи за пренесување на нови животни.

Прочитајте и...  Ќе ви го стопи срцето: Кенгур ја прегрна волонтерката која го спаси од пожарите во Австралија
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top