Дом и Градина

7 работи кои е строго забрането да ги фрлате во одводот

Колку и да ви изгледаат безопасно, влакната од косата, кондомите, брашното, лекарствата се дел од работите кои сигурно ќе го затнат вашиот одвод.

Често луѓето низ одводните цевки пуштаат разни работи без да бидат свесни за последиците.

Но, на некои работи навистина не им е местото таму.

Што не смеете да пуштате во одводот?

Ориз и тестенини

Макароните, шпагетите, оризот се работи чиј волумен се зголемува. На нив им треба многу долго време за да се распаднат во вода, па блокирањето на одводот е гарантирано.

Лушпи од јајца

Не значи дека ако лушпата од јајцето е искршена на многу ситни парчиња, нема да ви направи проблем. Малите парчиња се лепат едно за друго, како и за други работи во одводот и предизвикуваат затнување.

Брашно

Познато е дека на тестото главна состојка му се брашното и водата, па замислете такво „тесто“ во цевките во вашиот дом.

Лекови

Некои луѓе претпоставуваат дека лековите брзо се разградуваат. Но, во одводот ја нема вашата силна желудочна киселина, па така лековите остануваат таму долго време.

Коса

Ова е главната причина за затнување на одводот во тоалетите. Влакната од четката фрлајте ги во тоалетот, затоа што тие ќе се соберат во цевките и притоа ќе задржат и други работи од одводот на себе.


Лепенки од овошје/зеленчук

Дури иако лепенките се многу мали, тие предизвикуваат проблем. Направени се од материјали што не се распаѓаат долго време.

Прочитајте и...  Искористете ги старите чевли во градината

Догорчиња од цигари

Филтерот на цигарите е синтетички и не се разградува. Плус, има низа штетни материи кои засекогаш остануваат заробени во вашите цевки.


Најпопуларно


To Top