Дом и Градина

7 работи кои треба да ги чистите секој ден

Чистењето, за најголемиот дел од луѓето е обврска која со голема желба би ја прескокнале или замениле.

Сепак, секогаш треба да имаме на ум дека тоа е од суштинско значење за нашето здравје и здравјето на нашето семејство.

Тоа во никој случај не значи дека треба постојано да бидете со крпата за прашина во рака.

Но, треба да разберете дека едноставно постојат работи кои може да се чистат еднаш/двапати неделно, но дека постојат и работи кои е потребно да ги чистите секој ден.

Како на пример следните:

1. Крпите во кујната

download

Иако на прв поглед воопшто не ви изгледаат нечисто, тие се извор на огромен број бактерии, бидејќи често се користат. Доволно е да ги менувате на неколку дена доколку имате помало семејство, но ако тоа брои повеќе членови, тогаш се препорачува секојдневно менување.

2. Работната маса

1400945948635

Ако добро размислите што сè ставате врз неа (клучевите, кесите од супермаркет, чантата…), ќе сфатите дека таа е навистина нечиста. Токму затоа е препорачливо да ја бришете и дезинфицирате секој ден.

Прочитајте и...  Основни правила за фенг-шуи почетници

3. Ѕидовите во туш кабината

cleaning tiles and grout
cleaning dirty shower and bathroom tiles with mould with blue cloth

Чистењето и сушењето на ѕидовите по секое туширање ќе го спречи создавањето на дамки од мувла врз плочките.

4. Лавабото

Ciscenje lavabo

Ако мислевте дека по миењето на рацете или чиниите, лавабото е сосема чисто, тогаш живеете во голема заблуда. За правилно чистење и дезинфекција, можете да користите некое од хемиските средства кои се наменети за тоа или обично белило кое ќе го оставите да отстои неколку минути, а потоа ќе го исплакнете со чиста вода.

5. Нечисти чинии

sadovii

Ако имате навика да ги оставате чиниите преку ноќ, тогаш треба да имате на ум дека остатоците се одличен начин за привлекување инсекти. А, освен тоа, следниот ден ќе имате навистина голем проблем да ја исчистите целата таа залепена и стврдната храна врз чиниите.

6. Машината за кафе

kafe

Бидејќи постојано се полни со топла вода, големи се шансите за размножување на бактерии и мувла, затоа редовно мијте ги и дезинфицирајте ги деловите кои се расклопуваат.

Прочитајте и...  Вистинска приказна: 5 работи на кои ме научи мојата ќерка за љубовта, животот и храброста

7. Кујнскиот под

kujna

Да бидеме реални – доколку сте готвеле, големи се шансите да ви прснало нешто на подот, па без да забележите тоа да го разнесете низ целиот дом. Токму затоа, чистењето на кујнскиот под е нешто кое треба да биде ваша секојдневна навика.


Најпопуларно


To Top