Психологија

7 знаци кои покажуваат дека сте манипулирани од нарцис

Преголемото чувство за самобитност на нарцисите и недостатокот на емпатија кон другите е она што ги прави опасни. Водени од себичноста, тие нема да престанат за ништо додека не го добијат она што го сакаат преку нивните експертски манипулации.

Да ги контролираат другите е нивниот занает.

Всушност, тие можат да бидат толку добри во она што го прават, па дури нема ни да забележите дека сте жртва сè до моментот кога веќе го исцицале животот од вас. Затоа, препознавањето на нивните измамнички трикови е особено корисно за да се заштитите од нивните манипулаторски напади.

Зборуваат само за себе

Нарцисите се карактеризираат со самобендисаност.

Нивната желба секогаш да бидат во центарот на внимание им овозможува да зборуваат цел ден за нивните искуства, нивните успеси и слично без да ви дадат вас шанса да се искажете.

Кога конечно ќе почнете да зборувате, тие не покажуваат ни најмал интерес за тоа што го зборите. Рамнодушни се кон приказните за победите и успесите на другите луѓе и вешто го враќаат вниманието назад кон нив.

Прочитајте и...  ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Мало мајмунче пее додека го бањаат (ВИДЕО)

Со текот на времето, можат да ве изманипулираат да мислите дека тие се секогаш добри и секогаш во право, а вашето мислење воопшто не е важно.

Ги омаловажуваат вашите постигнувања

Отпрвин, нивниот шарм и навидум извонредните пофалби ќе направат да мислите дека ве третираат со голема почит, но вистината за нив ќе излезе на виделина подоцна, кога ќе започнат да ги обезвреднуваат вашите квалитети за кои еднаш ве убедиле дека ги сакаат.

Со тоа што ќе направат да се чувствувате како никогаш да не ги достигнувате нивните очекувања, можат лесно да ви ја намалат самодовербата и да ве натераат да правите се што сакаат за тие да се задоволни.

Тие постојано ги таргетираат вашите несигурности

Нивното претерано чувство за супериорност прави најчесто нарцисоидите да се креваат високо на штета на другите.

Ви нанесуваат рани со навреди, ги потенцираат вашите недостатоци за кои долго сте анксиозни…

Честопати, тие и ја маскираат нивната злоба па ве навредуваат преку шеги, сарказам и лажни пофалби, па вие мислите дека немаат намера да ве навредат, туку само се шегуваат.

Прочитајте и...  8 нешта што силните луѓе никогаш не ги прават

Агресијата е клучна за нивната игра

Нарцисите се опседнати да ја преземат контролата и покрај нивната неспособност добро да се справат со сопствените емоции. Заканите и физичкото насилство се нивна вообичаена тактика да ве држат под нивна моќ.

Изигруваат жртви

Нарцисоидите многу сакаат да играат игри, а да се прават жртви е една од нивните омилени игри. Да се биде жртва е ефикасен начин за нарцисоидите да ја задоволат нивната постојана потреба за внимание. Кога ќе ви падне жал за нив, најверојатно ќе сакате да им помогнете, и тие токму тоа го чекаат.

Исто така, оваа тактика ја користат како начин да го оправдаат своето ужасно однесување, како и да го свртат вниманието од сите негативни, измамнички нешта кои ги сториле.

На тој начин прават да го симнете вашиот гард и со тоа да станете поотворени за уште поголема манипулација од нивна страна.

Ви набиваат чувство дека сѐ е по ваша вина

Нивната фантазија за совршен свет прави нарцисите да веруваат дека се беспрекорни.

Прочитајте и...  Научниците откриваат: Мажите се плашат од паметни жени

Проектирајќи ги своите злобни мисли и злобно однесување на вас, тие можат да ја свртат масата наопаку и да ве убедат дека проблемот е во вас.

Користат триангулација

Триангуација е состојба кога нарцисот, вие и трета личност сте вклучени во некаква игра. Нарцисот доведува трета личност откако ќе ве убеди дека вие сте згрешиле или сте проблемот. Во основа нивната тактика се состои во тоа третата личност да го потврди и поддржи нивниот став, или пак да ве сврти еден против друг, а тие да се тргнат од фокусот извлекувајќи се. Покрај тоа, кога таа трета личност застанува на нивна страна и ги поддржува, тоа ја храни нивната потреба да бидат сакани и доживувани како да се секогаш во право.

Најпопуларно


To Top