За да ве информираме за сексот, љубовта, привлечноста и сексуалното здравје, споделуваме некои од повеќето чудни сексуални факти на кои некогаш сме наишле. Кој знае, можеби и ќе го импресионирате партнерот со истиве факти во некоја следна секс прилика.

Просечната секс сесија трае околу 17 минути
Најновите истражувања спроведени од страна на Royal Society Open Science, покажуваат дека просечната “рунда“ трае 17 минути или од 100 до 700 “навлегувања“.

Можете да доживеете оргазам и додека спиете
Верувале или не, дури не мора да бидете свесни за да го достигнете врвот. Некои жени можат да имаат оргазам за време на еротски сон додека спијат, и тоа да биде нивниот најдобар оргазам дотогаш.

sex love life 2015 02 03 vday sex moves main

Женскиот оргазам трае три пати подолго од машкиот оргазам
Што можеме да кажеме, жените имаат неколку прилично сериозни оргазмички предности во спалната соба. Како прво, типичниот женски оргазам трае околу 20 секунди, што е повеќе од 3 пати подолго од машкиот оргазам(6 секунди).

Прочитајте и...  Нејзиниот сопруг ја затворил во психијатриска болница и ја лекувал со електрошокови: 12 помалку познати факти за Џеки Кенеди

Луѓето сакаат да размислуваат за Бред Пит кога мастурбираат
Големата фабрика за секс играчки Тенга во 2016та направила истражување на 13.000 луѓе во кое биле истражувани најчестите фантазии на луѓето кога мастурбираат. Заедничка за повеќе од 90% од испитаниците била таа за Бред Пит.

Клиторисот е во основа мал пенис
Додека сме во фазата на развивање клиторисот всушност се развива од истото ткиво како пенисот. Сите ние имаме исти делови, зависи само од тоа какви хормони ги имаме во нашите тела кои влијаат на развојот на машкиот наспроти женскиот дел. Со влијанието на тестостеронот кај машкиот пол се развива пенисот, и обратно.

Тагата која понекогаш ја чувствувате после сексот е вистинска
Дали некогаш сте плачеле по секс, дури и навистина добар секс? Ако одговорот е да, можеби ќе ви олесне кога ќе слушнете дека ова е многу честа појава, па дури има и име- Пост коитална дисфорија.
Научниците сеуште не знаат кои се точните причини поради кои луѓето се чувствуваат тажно после секс, но се на многу добар пат да откријат.

Прочитајте и...  14 интересни факти кои можеби не сте ги знаеле за Македонија
article 2258077 16C829C1000005DC 95 634x423
Man and woman with pensive expression — Image by © Ocean/Corbis

Силното чувство за мирис ви ја зголемува сексуалната желба
Една мала студија објавена во Archives of Sexual Behavior откри дека луѓето со повеќе перцептивни носеви имаат и подобри сексуални искуства. Жените кои имаат силна чувствителност на мирис, исто така, изјавија дека уживаат повеќе оргазми отколку жените чии што носови не беа толку остри.

Сексот ги намалува болките
За време на односот делот во мозокот кој се нарекува хипоталамус испушта Окситоцин-хормон кој ви помага да се чувствувате добро.
Истражувачите од универзитетот Рутгерс во Њу Џерси откриле дека овој наплив на окситоцин всушност може да им помогне на жените да чувствуваат помала болка, особено за време на менструацијата.
А на мажите им ја намалува перцепцијата за болка за околу 50%.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде