Кујна

8 јадења за здрав панкреас

Дигестивниот тракт е комплексен дел на човечкото тело. Започнува таму каде што храната влегува во устата, продолжува низ хранопроводот, низ желудникот и цревата, и излегува низ телото. Има многу странични процеси кои се дел од трактот, вклучувајќи го и панкреасот.

Панкреасот е многу важен дел од дигестивниот систем, бидејќи ги неутрализира и ги регулира киселите храни со користење на ензими. Овие ензими исто така му помагаат на вашето тело да ги разградува протеините, јаглехидратите и липидите од храната што ја јадите. Кога вашиот панкреас е здрав, шеќерот во вашето тело е регулиран правилно и резултира со посилен дигестивен систем. Следните храни ќе му помогнат на вашиот панкреас да си ја извршува работата правилно.

  1. Куркума

Куркумата е ароматичен прав што доаѓа од растение од фамилијата на ѓумбири. Често се користи како боја за храна и зачин во различни подготовки, најчесто во Азиската кујна. Исто така се користи за намалување на болка. Панкреасот може да искуси одредени чувства на печење и куркумата може да помогне значително да се намалат. Дополнително, овој природен производ помага панкреасот да создава инсулин и да превентира дијабетес, со регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Прочитајте и...  Куркумата го намалува ризикот од рак

2. Лук

Доколку има еден производ што има добиено најмногу публицитет во последните години, тоа е лукот. Сигурно имате слушнато за комбинации на мед и лук кои ги јадат луѓето на празен стомак. Дефинитивно може да помогне при дигестивниот процес но може да биде многу повеќе од тоа. Лукот содржи антибиотски својства кои кога се комбинирани со други храни, ефектот се мултиплицира. Некои од храните со кои може да се комбинира се кромид и мед. Со редовно јадење на овие храни, можете да го зголемите имунитетот и да им помогните на многу органи, вклучувајќи го и панкреасот.

3. Спанаќ

Спанаќот е богат со железо и витамин Б. Витаминот Б е важен за панкреасот, а железото помага со намалување на воспаленија. Спанаќот може да се комбинира со разни храни за да го помогне процесот на помагање на панкреасот. Многу луѓе уживаат да го јадат спанаќот во комбинација со лук или кромид и салата.

Прочитајте и...  Дали одгледувањето храна треба да биде дел од образовниот систем на децата?

4. Брокула

Зеленчуците од фамилијата на брокулите се познати дека можат да помогнат при борбата со ракот и го чуваат панкреасот од болести. Зеленчуците како зелка, прокељ, карфиол и брокула. Полни се со флавониоид, перфектни за детоксификација на телото.

5. Грозје

Честопати е препорачано да се јаде црвено грозје бидејќи содржи ресвератол, моќен антиоксиданс. Кога јадете црвено грозје, може да го намали воспалението на панкреасот и да ги отстрани клетките на рак во панкреасот.

Јадењето на свежо грозје секојдневно е силно препорачано. Малку црвено вино исто така може да ви помогне да го достигнете истиот ефект.

6. Оригано

Многу нарушувања поврзани со оксидацијата можат да се третираат со оригано. Има моќен ефект на антиоксиданс и може да ја намали хипергликемијата, што е баш тоа што му треба на панкреасот.

7. Глуварче

Редовното пиење на чај од глуварче може да ви помогне со детоксификација на црниот дроб и панкреасот. Ги отстранува оштетените ткива и помага со создавањето на ензими. Исто така има докази што покажуваат дека екстракт од глуварче може да помогне со борбата со рак.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top