Дом и Градина

8 начини за професионално организирани плакари

Средувањето на плакарот понекогаш се чини како невозможна мисија. Честопати, не ни знаеме што сè имаме внатре додека не почнеме да вадиме облека и да (се обидеме да) ја средуваме.

За среќа, во светот постојат луѓе кои професионално се занимаваат со оваа работа. Ако веќе не можеме да си дозволиме да ги ангажираме, можеме да научиме некои корисни работи од нив.

Еве кои се најважните тајни за професионално организирани плакари:

Оставете ги празните места

Ако имате празни места во гардероберот, не го трупајте со предмети и облека само за да пополните простор. Најдобро е да се групираат исти делови од облеката, посебно кошули, посебно панталони. Така нема да има потреба да го пополните празниот простор со работи на кои таму не им е местото.

Полиците се многу корисни

shutterstock 417368401 edit

Колку повеќе полици имате, толку подобро ќе ви биде организиран плакарот. Наредете ги според тоа каква облека и предмети имате. Разместете ги, додадете некоја, тргнете друга. Најважно е тие да одговараат на вашите потреби.

Прочитајте и...  Никогаш повеќе не ја перете облеката на 30 и 40 степени: Еве зошто!

Работите редете ги според тоа колку често ги користите

На првата полица ставете ги работите кои најчесто ги користите, на најгорната оние кои не ви требаат секој ден. Така секогаш ќе имате прегледност и ќе можете полесно да се снајдете.

Распоред по групи

closet organizing products 494

Држете се до следниот распоред: групирајте ги заедно сите маички, сите панталони, сите чанти, посебно едни од други. Исто така, можете да направите распоред по сезони – летната облека посебно од зимската и слично. Користете сепаратори или нешто што може физички или визуелно да ги одвои групите една од друга.

Ставете тепих

Малиот тепих или некој интересен килим кој ќе го поставите пред гардероберот естетски ќе го промени изгледот и ќе имате чувство како да сте во бутик. Можете да ставите и некое светло, неонка или мала ламба за подобра прегледност.

Едноличноста е клучна

Screen Shot 2018 05 18 at 4.02.07 PM 400x354

Исти закачалки, иста боја на полици, исти кутии за обувки – кога на овој начин го средувате плакарот, сè што е внатре ќе изгледа поорганизирано.

Прочитајте и...  Евтин трик за алишта бели како снег

Не се држете само до плакарот

Не мора да чувате сè во внатрешноста на плакарот. Наредете го накитот на интересна табла или некоја мала масичка што ќе ја декорирате на убав начин. Искористете го и просторот под креветот во спалната.

Користете скала

Walk ins 213

Ако имате голем плакар, најдобриот начин за да ставите или да најдете нешто од погорните полици е ако се качите на дрвена скала. Така ќе можете брзо и едноставно да ги средите работите, наместо да ги оставате за подоцна.


Најпопуларно


To Top