Занимливости

Пресврт во 1971 година: 8 права за кои се изборија жените

Слободата што ја уживаат жените низ целиот свет денес е резултат на долгата борба на нечии ќерки, мајки, баби….

Некогаш како девојчиња го пееја хитот од 1971 година – „Јас сум жена“ ( Хелен Реди – „I Am Woman” ) несвесни дека песната наскоро ќе стане и химна, а сега кога ја достигнаа зрелоста, некои од активните кориснички на твитер се потсетија на ограничувањата поставени на жените пред таа пресудна година.

1.Кредитни картички

Според Законот за остварување на еднакво право на кредит од 1974 година, мажените жени немале право на лични кредитни картички без потпис од нивниот сопруг. Немажените, разведените и вдовиците морале да имаат потпис од маж-жирант. Овој двоен стандард исто така значел дека на жените им е ограничен кредитниот лимит до 50% пониско отколку на мажите чија заработка била еднаква.

2. Вработување на бремени жени

Законот за заштита и спречување од дискриминација на бремени жени од 1978 година ја запре практиката на отпуштање на жени кои остануваат бремени. Меѓутоа, овој закон е напишан со голем пропуст, кој и по 41 година не е корегиран – вработените се должни да се прилагодуваат на бремените жени, само доколку и другите вработени, со лични способности, односно неспособности за работа, имаат слични отстапки.

Прочитајте и...  Гугл камерата ги снимила голи додека имале секс среде улица- овој пар стана ХИТ на интернет

3. Функција на судија

Во 1975 година, Врховниот суд го прогласи за недопуштено државите да не им дозволуваат на жените да станат судии. До остварување на ова право, борците за правата на жените поминаа долг пат.

4. Воена служба

Поранешниот министер за одбрана, Лион Панета и генералот Мартин Демпси, во 2013 година објавија одлука Пентагон да ја тргне забраната која ги спречувала жените да служат во воената артилерија, оклопните единици и други борбени улоги.

5. Мобинг

Жените кои биле сексуално малтретирани на работно место во 1977 година добиле дозвола да ги тужат своите работодавци, повикувајќи се на Законот за граѓански права. Во 1998 година Врховниот суд го прогласи за незаконит мобингот помеѓу лица од ист пол. Во меѓувреме, медиумите пренесуваа шокантно сведочење на Анита Хил од 1991 година против нејзиниот работодавач, Кларенс Томас – тогашен судија.

6. Силување од страна на сопружник

Во 50 држави, силувањето на сопружник во 1993 година е прогласено за нелегално. „Не вечерва“ или „Ме боли главата“ станаа легални средства за самоодбрана на жените.

Прочитајте и...  Овој кинески облакодер може да се пофали со еден од најголемите водопади во светот

7. Здравствено осигурување

Законот за заштита на пациентите и достапноста на здравствена нега од 2010 година пропиша дека ниеден план за здравствено осигурување не смее да предвиди повисоки трошоци за жените, отколку за мажите, за истата услуга. Ова било лошо за жените кои здравственото осигурување го добивале преку својата работа, каде што на местото на работодавец бил маж.

8. Контрацепција

Во 1972 година, Врховниот суд го прогласи за законско сите граѓани да имаат контрола врз раѓањето потомство, без разлика на брачниот статус. „Ако правото на приватност значи нешто, тогаш тоа треба да предизвика немешање на државата во работи што влијаат толку многу на животот на поединецот, како што е изборот на раѓање деца.“ (Оваа одлука немаше значење затоа што во 1972 година државата сè уште беше во можност легално да го забрани и казни сексуалниот однос надвор од бракот)

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top