Иако никој не може со сигурност да каже каква ќе биде иднината, сепак есигурно дека некои работи ќе се променат.
Некои работи кои за неколку децении речиси ќе исчезнат:
Пластика – речиси и нема да се користи, ќе биде заменета со биоразградливи материјали.

Личен простор и приватност – ќе имаме сѐ помалку личен простор, односно ќе постојат бази на податоци, безбедносни камери насекаде, препознавање на лица и тешко дека ќе може да направиме чекор без да се знае за истиот.

Природно забременување – благодарение на технолошкиот прогрес, многумина ќе ги бираат генетски карактеристики за децата, а оплодувањето ќе биде вештачко.

Злато – резервите на злато се трошат и се смета дека за околу 20 години повеќе нема да има резерви на злато.

Продавници – купувањето на производи ќе се спроведува преку онлајн нарачки.

Пошти – многумина и сега ги „заобиколуваат“ и ги користат само кога мора, но во иднината речиси сѐ ќе се испраќа виртуелно.

Хаос во сообраќајот – со напредокот на вештачката интелигенција ќе се прават пресметки како да не се создава хаос, а ќе се избегнат незгодите кои се резултат на човечки грешки.

Антибиотици – неконтролираното земање на антибиотици резултира со отпорност на нив и на некои болести, па се смета дека во иднина ќе има специјални антитела кои ќе се вбризгуваат во нас, а главната цел на научниците ќе биде се навикнеме на соживот со микробите.

