
89-годишна бабичка која живее сама во Чикаго цел ден го поминувала пред телевизор, играјќи на компјутер и секако работејќи на својата машина за шиење.
Кога започна карантинот првото нешто што на оваа баба Тери и падна на памет е безбедноста на нејзината фамилија. Баба Тери ја зграбила цела ткаенина што ја имала и најпрво сошила маски за секој член на нејзината фамилија и нејзините пријатели и им ги испратила на сите по пошта.
Секоја од маските била персонализирана и на секоја напишала по еден мотивирачки цитат.
Сето тоа време, оваа баба ги слушала The Beatles. Кога дознале за ова соседите решиле да и се придружат па така сите заедно сошиле повеќе од 600 маски за оние кои живееле во Домот за стари лица во близина.
Ова е само една од многуте позитивни приказни поврзани со пандемијата.