Галерија

9 места кои природата не сакала да ги населиме

Замислете сурова џунгла или пустина. Потоа замислете град сред таква сурова природа.

10 gradova sa najtezim uslovima za zivot 3 562366902

Замислете како изгледа живот на едно такво место – без вода, сончева светлина или под постојана сончева светлина, во страв дека активен вулкан во близина ќе еруптира…

Сепак, постојат и луѓе кои таквите сцени не треба да ги замислуваат – тие живеат во токму такви услови.

Ви претставуваме девет градови во кои луѓето секојдневно се борат против најмоќниот пријател – природата!

Кук, Австралија

10 gradova sa najtezim uslovima za zivot 1 500533217

Ова место првично било изградено како железничка станица во 1917 година. Има само една продавница која работи само во периодот кога поминува воз. Кук се наоѓа во сув регион, така што одгледувањето овошје и зеленчук е невозможно, па возовите го снабдуваат градот со неопходните намирници, вклучувајќи и вода. Во Кук моментално живеат 4 луѓе.

Ринконада, Перу

10 gradova sa najtezim uslovima za zivot 2 569469145

Не постои град во светот кој е на повисока надморска височина од овој кој се наоѓа на Андите во Јужна Америка. Овој град е рударски и е изграден на глечер на 5.000 метри надморска височина. Она што ги мотивира луѓето да живеат овде се рудниците со злато.

Прочитајте и...  Ќе посакате веднаш да ги посетите: Волшебни места низ светот за одмор од секојдневниот метеж

Антарктик

10 gradova sa najtezim uslovima za zivot 4 713039359

Антарктикот припаѓа на најсуровите места за живеење, како за луѓето така и за пингвините. Дури 98 проценти од континентот се состои од мраз, а 6 месеци годишно е потполн мрак. Изворите на храна се ретки, како и флората и фауната. На Антарктикот нема жители. Од 1800 година многу научници и истражувачи поминуваат време на овој леден континент, а денес има 65 истражувачки станици.

Помпеја, Италија

10 gradova sa najtezim uslovima za zivot 5 515667954

Помпеја е еден од најпознатите археолошки локалитети во светот. Се наоѓа во близина на вулканот Везув, чија ерупција во 1979 година со лава ги прекрила Помпеја и Херкуланеум. Нема преживеани. Парадоксално, лавата зачувала дел од секојдневниот живот на Римјаните од тој период. Денес Помпеја има 25.671 жител иако се очекуваат уште вулкански ерупции.

Мули, Фарски Острови

10 gradova sa najtezim uslovima za zivot 9 979178088

Мули е мал град лоциран на Фарските Острови (помеѓу Норвешка и Исланд) и има вкупно 4 жители. Овие острови се препознатливи по непредвидливите метеоролошки промени: бури, дожд, снег и магла се секојдневие. Вегетацијата и природните ресурси се на границите на прифатливост, па на жителите на овој град намирниците им се носат со хеликоптер. Зимите се мрачни.

Прочитајте и...  Зад оваа фотографија стои приказна која ќе ве расплаче: Болна прегратка меѓу ќерка и татко кој заминува во затвор

Верхојанск, Русија

10 gradova sa najtezim uslovima za zivot 8 171063940

Овој град се смета за најстуден на светот, а е населен со околу 1500 жители. Фактот дека граѓаните биле прогонувани токму во овој регион кажува за квалитетот на животот во него. Од септември до март само пет часа дневно има сонце, додека реката Јана, единствениот извор на вода, во најголем дел од годината е прекриена со мраз.

Малдиви

10 gradova sa najtezim uslovima za zivot 7 773103448

На оваа група острови, на 400 километри од југозападниот дел на Индија, живеат околу 328.500 жители, а половина милион луѓе секоја година го посетуваат. Според пресметките на истражувачите, Малдивите нема да бидат надвор од вода уште долго време. Поради цунамите кои се се посилни и кои штетно влијаат на островот, се очекуваа овие рајски острови да потонат.

Остров Јава

10 gradova sa najtezim uslovima za zivot 6 395676629

Островот Јава има над 120 милиони жители и 22 активни вулкани. Вулканската планина Ерапи еруптирала 60 пати во последниве 100 години. И покрај активните вулкани кои одзеле безброј животи, она што жителите ги врзува за ова место е плодната почва.

Прочитајте и...  10 најшарени места во светот во кои ќе се заљубите на прв поглед

Минкин, Кина

10 gradova sa najtezim uslovima za zivot 3 562366902

Во 1999 година овој округ бил населен од 281.800 луѓе, а денес бројот на жители е нешто повеќе од 2 милиони. Најтешка околност е реката Шијанг која неодамна пресушила, а и самата положба на населбата помеѓу две пустини: Тенгер и Баден Жаран. Овие фактори укажуваат на трагичната реалност – областа Минкин ќе биде избришана од лицето на Земјата.

Фото: Профимедиа

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top