Занимливости

9 причини зошто мајката е најдобриот пријател што некогаш ќе го имате

Таа нас не донесе на овој свет и не води низ животот – бидејќи една е мајка!

Таа е личност која од првиот ден на вашето постоење без задршка вложува во вас и вашата среќа.

Ви приготвува вкусни оброци, бдее над вас кога сте болни и ве поддржува дури и кога ќе ја направите најголемата глупост во животот.

Мајка ви дефинитивно ќе ви биде најдобар пријател за цел живот поради низа причини:

web 3 mature mother hugging with her teen daughter outdoor in nature on sunny day shutterstock 383388520

1. Таа е 24/7 достапен пријател.

Вашата мајка секогаш била тука за вас и секогаш и ќе биде. Од првиот ден на вашето раѓање, на првиот училишен ден, до првиот ден на факултет. Првата симпатија и првиот бакнеж. Вашата мајка знае се, а вие не би сакале да биде ни поинаку.

2. Таа е рамо за плачење.

Плачење во јавност? Па и не баш. Но плачење во кревет додека вашата мајка ве гали и ве теши со колачиња и сладолед кажувајќи ви дека се ќе биде добро- звучи многу подобро. Без оглед на причината, вашата мајка секогаш ќе биде тука да ве ислуша без да ве осудува за грешката.

Прочитајте и...  Поради овие 4 работи сексот во триесеттите е поразличен

3. Таа ви ги дава најдобрите љубовни совети.

Додека вие се чувствувате глупаво кога мајка ви ви кажува дека вашето момче не се однесува со вас како што треба, таа е таа што знае што е најдобро за вас. Таа веќе поминала низ тоа и може да намириса лошо момче на километри.

4. Можете да се смеете за се.

Насмевката на мајката е како на никој друг. Ја делите истата ДНК па големи се шансите да имате иста смисла за хумор. Безразлика дали се смеете за момчето во кое си се удрила низ училиштето или за лошите шеги на татко ти, вие две можете да се смеете буквално за се!

mother and daughter last one

5. Таа ве мотивира.

Да, навистина беше фрустрирачки да ве будат секое утро во 8 часот бидејќи доцните за на училиште, но вашата мајка сакаше едноставно да ве стане од кревет. Сега, иако не го добиете унапредувањето што го очекувавте, или едноставно ако не се чувствувате убаво, сепак таа е таа што ве турка напред и ве тера да пробувате одново и одново.

Прочитајте и...  6 мажи и жени ги откриваат тајните поради кои се развеле

6. Трпеливо ги слуша вашите проблеми. 

Таа е неверојатно трпелива и дури и кога и говорите за некои банални проблеми заинтересирано ве слуша.

7. Се грижи што правите со вашиот живот.

Иако понекогаш знае да биде здодевна, таа од дното на срцето ви посакува само добро и има големи сништа за вас.

8. Таа ве сака бескрајно!

Не е важно колку лошо изгледате во сабота натуро по луда петочна вечер, за вашата мајка секогаш ќе изгледате прекрасно. Таа ве сака како никој друг и ве прифаќа со сите ваши мани.

9. Секогаш ве брани. 

Од ваша страна е и ве брани без разлика дали тоа беше пред професорката за вашето „уметничко дело“ во петто одделение или денес кога се враќате истоштени дома поради напорниот работен ден и кавгите со шефот.

majkaikerka
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top