Занимливости

9 работи што ги прават шефовите поради кои добрите работници даваат отказ

Низ мојата кариера поминав многу време во улога на вработена и во улога на супервизор. Една работа што ја памтам многу јасно е фактот дека секогаш имав доволно луѓе да се пополнат смените и да останат прекувремено кога е потребно.

Сепак, тоа не беше секогаш така додека бев медицинска сестра. Честопати вработените ни даваа отказ, а од други пати луѓето одбиваа да преземат дополнително време во зависност од тоа кој ги прашуваше да работат. Ова е тажната реалност на работната околина денес.

Главната причина зошто многу луѓе даваат отказ е поради лошите врски со нивните супервизори или менаџери каде што тие се чувствуваат потценети и преоптоварени. Како менаџер или супервизор како ќе се претставите на вашите вработени може да има голема разлика. Дали вашите дејства градат вработени кои ќе работат долго време тука или прават вашите колеги да ги обноват нивните CV-а?

Еве неколку чести сценарија кои ќе ги натераат одличните работници да трчаат по ново работно место.

  • Не се чувствува врска.
Прочитајте и...  Најчитаното дело на Ремарк „Триумфална капија“- посветено на неговата најголема љубов Марлен Дитрих

Луѓето сакаат врски во сите области на нивниот живот. Сметајќи колку време обичниот човек поминува на работа има смисла да се сака некоја врска со нивната „фамилија од работа“. Ова не значи дека треба да поминете часови зборувајќи за вашите животи туку да се помине некое време во поврзување, прашување како се или само да се остане во тек со нив.

  • Омаловажување

Вработените и менаџерите често се вкоренети со идејата дека „сите се заменливи“. Сепак, голем дел од чувствувањето ценет се случува кога вработените се свесни дека придонесуваат нешто кон компанијата што другите не можат. Едноставниот чин на прифаќање што секој од вашите вработени придонесува на работното место е едноставен начин да се зголеми продуктивноста и истрајноста.

  • Високи очекувања, големи нејаснотии

Кога сакате прецизен резултат од некој проект треба да им кажете на вработените која е крајната цел. Поверојатно е дека ќе работат подобро доколку комуницирате со нив како што треба.

  • Самопочит

Признанието не е само за менаџментот. Покажете им на вашите вработени дека тие се ценети од вас, клиентите, соработниците па дури и директорите. Менаџерите кои обезбедуваат избалансиран однос можат да имаат искрени разговори, да ги поправат проблемите додека уште се мали и да имаат добри работни односи со вработените.

  • Не се чувствуваат ценето
Прочитајте и...  Најголеми жртви на предрасудите: 5 занимливости за црните мачки кои сигурно не ги знаете

Ова може да работи за некои вработени, но дејствувањето во страв не ја носи истата работна етика, посветеност и страст што би ја донесло доколку сакате да сработите добра работа за вашиот менаџер. За вистински да направите вашите вработени да се чувствуваат ценети во ред е да ги издвоите и да ги наградите за нивните достигнувања. Наоѓањето мали начини за признавање и наградување на вработените за напорната работа може да оди многу далеку.

  • Ладен, отсутен шеф

Ако секогаш сте имале ладни, оддалечени шефови можеби претпоставувате дека тоа е така како што треба да биде. Причината тука е логична, но сепак погрешна. Хиерархијата подразбира дека одреден степен на страв или загриженост кон нивниот менаџер ќе ги задржи вработените во линија. Безразлика на вашата позиција, градењето на односи со вашиот тим и соработници навистина прави разлика.

  • Колеги кои не работат добро

Има најмалку еден во секоја работна средина. Имањето на реални очекувања за сите вработени создава поврзување и лојалност. Безразлика дали сте менаџер или вработен може да биде предизвик да работите заедно со некој кој постојано не работи како што треба. Ангажирањето на вистинската личност за работа и работната атмосфера прави огромна разлика.

  • Недостаток на признание
Прочитајте и...  7 научно потврдени начини за согорување маснотии додека спиете

Бидете фер кон сите вработени со бонуси и стимулации. Без оглед на правилата вработените зборуваат. Кога работник со слаб успех е награден повеќе од вреден работник тој создава непријателство.

  • Недостаток на сочувство

Не би морале да зборувате со непознат за вашите проблеми, а менаџер кој бара само новости може да се смета за еден од нив. Создавањето ниво на доверба за со сигурност да се постават прашања, да ги покренуваат проблемите пред нивните менаџери или да ги пренесат проблемите надвор од работа кои им влијаат врз работата оди долг пат кон задржувње на вработените во фирмата.

Најпопуларно


To Top