Занимливости

91-годишна баба сплела над 8 000 мечиња за деца кои доживеале несреќа

Британката Филис Рив, 91, која волонтира во добротворна организација сплела над 8 000 платнени мечиња во изминативе 22 години, кои потоа биле донирани.

5a69a4232d00004900942c0e 630x336

Таа минатата година беше официјално поканета на забава во Бакингемската палата како признание за нејзината хуманитарна работа во последните три децении.

Секој месец, Филис и нејзината ќерка Џанет Јанг, 63, доставувале торба мечиња до хуманитарната организација „Мечиња за трагедии“, која потоа ги дистрибуира низ светот.

Нејзините мечиња имаат стигнато и до Кина, Белгија и Ирска, за да ги утешат децата кои преживеале природна катастрофа и некаков напад.

Филис вели: „Јас воопшто не сум херој, само обична жена од работничка класа. Јас се пензионирав кога имав 60 години и волонтирам во организацијата од тогаш“.

„Мораш да користиш три бои за секое мече, и користиш модел што организацијата ќе ти го даде“, појаснува таа.

„Сите мечиња треба да се насмеани, без опасни делови како очи – тие мора да бидат безбедни за децата“, додава.

Прочитајте и...  Тажно : Бабичка плаче пред празните полици во супермаркет во Австралија (ФОТО)

Кога ќерката на Филис почнала да работи во болница како медицинска сестра, таа ја поттикнала својата мајка да започне да волонтира.

Филис вели: „Порано ги правев сите работи. Одгледував цвеќиња, кога порано имаше цвеќиња на одделенијата“.

„Разговарав со пациентите, им ја чешлав косата, ги шетав – сите работи кои медицинските сестри не можеа да ги прават. Навистина уживав во тоа“.

Кога сопругот на Филис, Рон, починал во 2011 година на возраст од 88 година, таа започнала да волонтира за „Армијата на спасот“, каде еднаш неделно ја пегла донираната облека.

За нејзината хуманост, таа повеќепати била наградувана.

Филис вели: „Кога го добив медалот од Британската империја, го прочитав писмото, а потоа уште еднаш. Бев шокирана. Бев изненадена“.

„Умирав да им кажам веднаш на сите. Добив многу пораки и повици од моите пријатели кои ми честитаа“.

Филис секоја вечер плете по едно мече, и покрај нејзиниот артритис.

Таа вели: „Рон порано ги правеше мечињата со мене. Ги полнеше и ги шиеше“.

Прочитајте и...  Едукативно и корисно: Училиште во Србија во кое децата учат пчеларство

„Сега и мојата ќерка го прави тоа. Ми дава задоволство да знам дека сум ги осветлила детските денови“.

Најпопуларно


To Top