Македонија

„Аџибадем Систина“ се вклучува во битката против коронавирусот со сите слободни капацитети, има 27 респиратори

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се обрати до граѓаните со следното соопштение:

Почитувани,

Во ситуација на алертна состојба со вирусот Ковид-19, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со сите свои 1.000 вработени лица, се става на располагање со сите свои слободни капацитети на граѓаните на Република Северна Македонија, кои се засегнати од овој вирус, а по потреба и претходен договор со Министерството за здравство.

На располагање се ставаат и сите слободни апарати за механичка вентилација односно респиратори. Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни.

Следете ги препораките за заштита и превенција од Ковид-19. Грижете се за своето и за здравјето на луѓето околу вас.

Нашата грижа за вашето здравје продолжува.

27 РЕСПИРАТОРИ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СТАВЕНИ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Почитувани, Во услови на…

Gepostet von Acibadem Sistina Hospital am Samstag, 14. März 2020
Прочитајте и...  Првите 150 македонски 3Д печатени заштитни маски со визири се испорачани до докторите!

Најпопуларно


To Top