Мајка на 11 годишно девојче објави дека ќерка и се обидел да ја измами педофил. Мајката за Dosie.mk потврди дека сама ја видела пораката во телефонот на ќерката. Решила да ја објави јавно оти иако живее во странство, по потекло од Битола, а напишаното упатува на тоа дека некој пишувал од државава.

Алармира дека лажен профил со име Петар Пан напишал вулгарности на ќерката, а потоа и напишал “ајде душо”, сакајќи ја да ја исповоцира или намами да комуницира со него. Профилот на ФБ е сомнителен и на него јавно се објавени само слики од девојки исто така сомнителни или лажни профили.

Ова е лажниот профил на кој треба да се внимава, а надлежните институции да го проверат. Мајката се сомнева дека од Македонија затоа што пишува на македонски јазик, но бидејќи е во странство нема можност да пријави во полиција. На профилот се поставени лажни информации дека е од Дубровник, а живее во Италија.

Прочитајте и...  На овие Македонки им се оствари најголемата желба – си родија бебенца и станаа мајки во шестата деценија од животот
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде