Здравје

Ајдучка трева – лек за многу болести

Ајдучката трева е кралица на билките, таа во старите книги за лековити растенија е запишана како„лек против сите болести”. Затоа таа се користи таму каде што ништо не помага и каде што повеќе нема надеж. Ајдучката трева може да се најде како бела (Achilea millefolium) и жолта (Achillea filipendulina).

Ајдучката трева е една од највредните лековити билки. Називот го добила од некогашните „ајдуци“ кои своите рани ги лекувале со неа. Таа цвета во текот на целото лето, а се бере кога сонцето е најсилно, бидејќи тогаш има најмногу етерично масло. Етеричното масло се користи за подготовка на крема за сончање, бидејќи се покажало дека тоа истовремено ја штити и негува кожата. Многу е богато со танини, органски киселини, горчливи материи кои и даваат горчливо-ароматичен вкус, витамин К и Ц, смола, како и минералите калиум и натрум. Официјалната медицина докажала дека екстракт од листот го забавува развојот на патогени бактерии, бидејќи танинот и етеричното масло спречуваат загнојување на рани и придонесуваат за побрзо зараснување и ублажување на болките.

Прочитајте и...  Еден од пет смртни случаи е поврзан со нездрава исхрана
  • Поволно влијае на органите за варење
  • делува на коскената срцевина и го поттикнува создавањето на црвени крвни зрнца
  • го запира крвавењето од белите дробови
  • има благо седативно дејство
  • делува како антисептик и аналгетик
  • чајот од ајдучка трева може да се каже дека и при ангина пекторис (во вид на чај само), анксиозност, гастритис, гихт, грчеви во стомакот, недостаток на апетит, нервоза, несоница, осип, зголемен крвен притисок (делува како диуретик), шеќерна болест, чиреви, хемороиди (поради витаминот Ц кој го содржи), ревматизам и друго.
  • облогите и купките помагаат кај брадавици, испукани раце, осип, отворени рани, псоријаза, исеченици и изгореници, кожни болести…
  • лековитите препарати од ајдучка трева во комбинација со други лековити билки лечат колитис, гастритис, грчеви во желудникот и цревата калиумот кој се наоѓа во оваа билка помага во работата на бубрезите, срцето и крвотокот ја прочистува крвта и органите за варење
  • помага кај болести на црниот дроб и жолчката, затоа што ја прочистува крвта
  • чај од ајдучка трева се користел како народен лек кај жени кои имале проблеми со менструалниот циклус и цисти на јајниците
Прочитајте и...  Не можете лесно да заспиете навечер? Овие работи веднаш исфрлете ги од вашата спална соба!

Во народната медицина ајдучката трева зазема посебно место во лекувањето на неправилни и нередновни менструации кај младите жени, и отстранување на непријатните симптоми во климаксот.

Една шоља чај од ајдучка трева дневно, доволна е да ги ублажи или отстрани симптомите од кои страдаат голем број на припаднички на понежниот пол.

Директно делува на коскената срцевина и во неа поттикнува создавање на црвени крвни зрнца. Затоа кај болестите на коскената срцевина, па и кај гноењето на коските, кога лекарствата не помагаат, треба да се применуваат терапии со чај од ајдучка трева.

Најпопуларно


To Top