Случувања

Актер од ,,Војна на ѕвездите” почина од коронавирус

Актерот од филмскиот серијал „Војна на sвездите“, Ендру Џек, почина на 76-годишна возраст, откако бил болен од коронавирус. Веста за ТМЗ ја потврди неговиот портпарол Џил Меккуло.

Џек починал од компликации на болеста Ковид-19. Неговата сопруга не можела да биде со него во моментот на неговата смрт, бидејќи е во карантин во Австралија.

Џек работел на нов филм за Бетмен како наставник по говор пред да умре, а во јавноста најмногу се памети по неговата улога како Калуан Емат во „Војна на ѕвездите“. Тој работел и во многу други филмови како „Одмаздници“, „Шерлок Холмс“, „Господар на прстените“ и „Луѓе во црно“.

Тој, како наставник по говор, им помагал на актерите да научат специјално дизајнирани туѓи јазици за потребите на филмовите во кои глумеле.

Многу колеги и обожаватели се збогуваа со него преку социјалните мрежи.

„Жал ми е многу кога слушнав дека Ендру Џек, учителот за говор на Господарот на прстените и Војна на ѕвездите, починал. Почивај во мир“, напиша актерот Киран Шах.

Прочитајте и...  ПЕДОФИЛИЈА – чумата на 21 век | Жена од Вашингтон го запалила сопругот откако го фатила како ја силува 7-годишната ќерка

Најпопуларно


To Top