Актерката Катерина Коцевска е новата в.д. директорка на Драмски

Актерката Катерина Коцевска е новата вршителка на должност директор на Драмски театар Скопје, објави СДК.мк. 

Коцевска е именувана за в.д. директорка на Драмски на местото на драматургот Викторија Рангелова – Петровска.

Коцевска е член на ансамблот на Драмски од 1983 година. Има играно во голем број претстави како „Хај-Фај“ ,„Тетовирани души“, „Салома“, „Викенд на мртовци“, „Закопаното дете “, „ Р“, „Дантоновата смрт“, „Собирен центар“, „ Медеја“, „ Чија си“ , „Балкон“, „Стапица“, „ Чернодрински се враќа дома“, „Како да ја убиеш сопругата“, „Брачна игра“, „ Хамлет“. Коцевска има одиграно многу главни улоги во ТВ-сериии и ТВ- филмови, како и во неколку филмови. Авторка е на драмски текстови, од кои два „Нашиот непрежален“ и „Љубовници“ се поставени во нејзина режија.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.