in

Актерот Кевин Харт доживеа сообраќајна несреќа

Славниот актер и комичар Кевин Харт, со уште две лица, учествувал во сообраќајна несреќа во Калифорнија.

Незгодата се случила во неделата во раните утрински часови, се наведува во извештајот на „Калифорнија Хајвеј Патрол“.

Харт и неговиот возач се здобиле со сериозни повреди на грбот и префрлени се во блиската болница. Возачот го возел автомобилот на Харт, Плимут Баракуда од 1970 кога изгубил контрола над возилото, пишува Си Ен Ен. Автомобилот излетал од патот и се тркалал по насипот.

Двајца од тројцата патници некое време биле заробени во возилото. Харт местото на настанот го напуштил за да му се пружи медицинска помош.

Полицијата исто така утврдила дека возачот во текот на сударот не бил под влијание на алкохол. Третиот патник не претрпел поголеми повреди.

Прочитајте и...  Eмина Јаховиќ удри по оние што прават резерви и залихи храна

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote