in

Актерот од „Сопранови“ пронајден мртов – покрај него имало бел прав

Актерот Брајан Тарантино, кој домашните гледачи го знаат по улогата во серијата „Сопранови“, но и од серијата „Девојките на Гилмор“, е пронајден мртов, пренесува американскиот портал Ти-ем-зи.

Полициските извори тврдат дека телото на 60-годишниот актер било пронајдено во саботата наутро во неговиот стан на Менхетн. Според првите информации, причина за смртта на актерот е предозирање.

Image result for brian tarantina sopranos

Како што пишуваат странските медиуми, на актерот околу 17 часот му дошла во посета внуката и го нашла неподвижен на каучот. Наводно покрај неговото тело бил пронајден бел прав.

Портпаролката на актерот Лори Смит за Ти-ем-зи изјавила дека смета дека умрел од компликации од неодамнешната болест. Наводно, актерот последните месеци бил со слабо здравје, а неодамна излегол од болница каде бил примен поради проблеми со срцето. Смит тврди дека повторно се чувствувал лошо, но дека не сакал пак да оди во болница.

Прочитајте и...  Tајната на изгледот на фаталната Моника Белучи – Еве што има на нејзиното мени

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote