Случувања

Алармантна статистика: Во Турција за седум месеци убиени 285 жени

Во првите седум месеци од годинава во Турција се убиени 285 жени. Само во јули на територијата на земјата се убиени 31 жена, пишува весникот „Јени шафак“.

BELGAIMAGE 92486459
Women demonstrate against the killing of Ceren Bara, a woman killed by a man the day before, on May 11, 2016 in Ankara. / AFP PHOTO / ADEM ALTAN

Според весникот, во последните седум години, убиствата на жените во земјата се зголемени четири пати.

Весникот наведува дека и покрај желбата на заедницата да се спречат насилствата и убиствата врз жените во пракса е спротивно.

Во последните десет години, во Турција се убиени 2.337 жени. Во 2011 година животот го загубиле 121 жена, а во 2018 година 440 жени се убиени. (МИА)

Прочитајте и...  Костарика планира да биде првата земја која ќе ја искорени употребата на пластика и јаглерод до 2021 година
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top