Американскиот актер Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија очекуваат ново „засилување“ во семејството.

Среќната вест Хиларија лично ја објави на својот профил на Инстаграм.

Многу е рано, но сфативме дека има мал човек во мене. Звукот на неговото силно срце ме прави многу среќна, особено по нашата загуба во пролетта“, напиша Хиларија на социјалната мрежа.

Претходно оваа година, една недела откако изјави дека е бремена, Хиларија Болдвин имала спонтан абортус. Сопругата на актерот Алек Болдвин тогаш ги објави вестите на Инстаграм.

Бебето немаше пулс денес. Се заврши … но прекрасните и силни срца чукаат тука до мене. Опкружена сум со толку многу љубов. Се чувствувам среќна“, напиша Хиларија на социјалната мрежа во април.

Добрата вест сега е дека овој пат се чини дека се е според планот и семејството Болдвин ќе се зголеми за уште еден член.

Алек и Хиларија имаат четири деца (Кармен Габриела Болдвин, Ромео Алехандро Дејвид Болдвин, Леонардо Анхел Чарлс Болдвин и Рафаел Томас Болдвин).
Болдвин исто така има и поголема ќерка од бракот со Ким Басинџер.

Прочитајте и...  Татко со 5- годишната ќерка скокнал под воз, па се случило вистинско чудо: „Слушнавме глас како го повикува татка си“ (ВИДЕО)

Сопругата на Алек вели дека првите месеци од бременоста не се лесни за неа и нема да доведува во заблуда некого. Единствено што таа моли: медиумите да не испраќаат папараци за да ја следат нејзината бременост.

Хиларија, која е 26 години помлада од Болдвин, се омажи со него во 2012 година.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде