Македонија

Алпинистите на АК8 спасија куче заглавено под Орлови карпи на Попова Шапка (ФОТО+ВИДЕО)

Во саботата искачувањето на членови на клубот било следено од едно куче сѐ до почетокот на карпата над снегот.

Вчера на истото место тренингот требаше да го продолжат уште тројца членови, Маја Мухиќ, Методи Чилиманов и Благоја Китановски.

Но, наместо тренинг и качување денот го поминаа во спасувачка акција за кучето од претходниот ден, кое неможејки да се врати по стрмниот кулоар, останало на карпата заглавено цели 24 часа. Задачата на алпинистите и не беше баш така лесно ако се знае дека кучето беше и премрзнато и исплашено.

Материјалите се снимени од Маја Мухиќ и Методи Чилиманов

Прочитајте и...  Евровизија сепак ќе има, но од дома- еве ги деталите

Најпопуларно


To Top