Случувања

Амазонско племе се подготвува за борба со илегалните дрвосечачи

Мажите од амазонското племе Тембе сè почесто ставаат традиционални борбени бои и со лакови и стрели патролираат по нивната земја длабоко во амазонската прашума, а сè погласни се шпекулациите за судири со илегалните дрвосечачи.

Тензиите околу територијата достигнаа нови нивоа откако шумските пожари, кои обично се подметнуваат за да се расчисти земјиштето, во текот на изминатите неколку недели уништија големи делови од бразилска Амазонија. Некои од домородните народи што живеат во Амазонија велат дека дефорестацијата е закана за нивната земја и начин на живот.

Тој проблем постои одамна и ескалира. Припадниците на племето Тембе повеќе пати ги предупредиле дрвосечачите да се држат подалеку од нивниот резерват, а на 27 август почнале и да дејствуваат.

Луѓето од селото Текохо на шумските патеки виделе дрвосечачи кои со моторни пили, камиони и трактори ги сечеле и носеле дрвјата. Војниците од Тембе направиле снимка, а потоа ги истерале дрвосечачите и ја запалиле нивната опрема.

Прочитајте и...  Племе од Амазон спаси огромна дождовна шума со победа во тужба против нафтена компанија

– Ја уништивме нивната механизација бидејќи тие одамна ги уништуваат нашите животи. Нашиот живот е шумата – истакна Ронилсон Тембе.

Тој во неодамнешна патрола низ шумата бил покриен со лисја од глава до петици и носел голем црвен рог со кој ги повикувал соборците.

Територијата Алто Рио Гвама, дом на племето Тембе, е заштитена со закон. Меѓутоа, во реалноста таа е под опсада од дрвосечачите, кои сакаат да дојдат до вредната дрвна градба во бразилската сојузна држава Пара, еден од најголемите производители и извозници на дрво.

Како и на другите места во Бразил, строгата примена на еколошките закони меѓу 2004 и 2014 година драстично ја намали дефорестацијата во Амазонија. Потоа таа повторно почна да се зголемува, а уште поголемо зголемување е забележано по наглото зголемување на бројот на пожари на почетокот од август.

Екстремно десничарскиот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, тогаш, под силен притисок од меѓународната заедница ја испрати војската да помогне во зауздувањето на некои пожари и ги забрани најголемиот број легални палења оган, со цел расчистување на земјиштето во Амазонија, на 60 дена.

Прочитајте и...  БОМБА: Згодна е како тројно помладите, а таа е славната 69-годишна пејачка (ВИДЕО)

Сепак, Болсонаро претходно вети дека ќе ја олабави законската заштита на домородните територии како начин за развивање на бразилската економија, а критичарите тврдат дека тоа ветување поттикнало судири.

Бразилскиот лидер верува дека на автохтоното население му е доделено премногу земјиште. Околу 14 отсто од Бразил е домородна територија, што, според Болсонаро, е преголемо подрачје за релативно малобројната популација.

Некои експерти сметаат дека проблемите на народот Тембе се директна последица на владините политики.

– Тоа доведува до ситуација беззаконието во Амазонија да стане толку големо што преживувањето на автохтоното население е навистина загрозено. А тие немаат многу капацитет да се одбранат. Тоа се луѓе кои живеат од земјата, кои се занимаваат со земјоделство. Тие се многу свесни за нивното опкружување и како да го одржат бидејќи од тоа живеат – истакна аналитичарката Моника де Боле, која неодамна пред американскиот Конгрес зборуваше за Амазонија.

„Хјуман рајтс воч“ неодамна извести дека дефорестацијата во Амазонија во најголем дел ја спроведуваат криминални мрежи кои користат население и застрашување против оние што се обидуваат да ги запрат. Од организацијата ја обвинија бразилската влада за неуспех во заштитата на прашумите и народите кои се обидуваат да ги одбранат.

Прочитајте и...  Другото лице на убавината: Индиско племе во кое жените треба да носат тапи во носот

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top