МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Свет

Американска компанија тврди дека има вакцина против новиот корона вирус

Американската компанија „Модерна“ која произведува лекови ја испорача својата прва серија на вакцина против новиот корона вирус до американските здравствени агенција, со цел да може да се покренат првите тестирања на луѓе.

„Модерна“ вчера соопшти дека испратила примероци од вакцината до Националниот институт за алергии и заразни болести (НИАИД) и очекува првите клинички испитувања на луѓе да почнат на крајот од април, а прелиминарните резултатите се очекуваат во јули или август.

Додека Светска здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека антивирусниот лек против ебола – Ремдесивир, се покажал ефикасен во намалување на симптомите од Ковид-19.

СЗО додаде дека се спроведуваат клинички испитувања на луѓе, а резултатите би биле познати за неколку недели.

Најпопуларно

To Top
Close