Скопскиот џез фестивал веќе трета година по ред ја доделува наградата „Златен Орикс“ за најдобар млад џез-музичар во Македонија. Лани со неа се закити младиот пијанист/клавијатурист Филип Димишковски, а во 2017 година – тапанарот Виктор Филиповски. Оваа година, наградата „Златен Орикс“ оди во рацете на басистката Андреа Мирческа.

mail 960x705

По тој повод, на 15. октомври (вторник) во 20:00 часот во МКЦ Клуб и Ресторан се организира коктел забава зачинета со музички настап.

Андреа Мирческа е родена 1998 година во Прилеп. Завршила средно музичко училиште во Битола. Студира џез контрабас, апсолвентка е на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Кирил Туфекчиевски. Повремено свири со Летечки пекинезери, била дел од Мјузик митинг Сараево во склоп на Џез фест Сараево. Гостува на неколку концерти на Јордан Костов Трио (со Марко Боско – перкусии и Маки Хачиyа – вокал и пијано). Дел е од најновиот авторски проект „Шамба“ на гитаристот Бојан Петков. Редовно настапува на клупски џез свирки во Скопје и низ земјата. Вклучена е и во повеќе уметнички проекти: ГОДО, Танго Ритмо, ЗиБомбхЛабаво&Фанки и други.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Се запали камион кај гостиварската патарина

Доделувањето на наградата „Златен Орикс“ е една од повеќето придружни активности на 38. издание на Скопскиот џез фестивал, чијашто главна програма стартува в четврток, 17 октомври.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за