Занимливости

Англија ќе се бори против климатските промени со нови 130.000 дрвја

Повеќе од 130.000 дрвја ќе бидат посадени низ цела Англија во борбата против климатските промени, соопшти Владата.

Forest Trees

За таа цел во следните две години ќе се обезбедат грантови преку посебен фонд, пишува весникот “Независен”.

Поединци, локални власти, хуманитарни организации и невладини агенции ќе можат да се приклучат на оваа програма. Грантовите ќе го покријат садењето на дрвјата и грижата за нив во првите три години.

“Дрвјата се од витално значење во борбата против климатските промени, и затоа мораме побрзо да засадиме што е можно повеќе дрвја.”, изјави министерот за екологија, Мајкл Гоу.

Дрвјата апсорбираат јаглерод диоксид, кој е од суштинско значење во борбата против климатските промени.

Присуството на дрвја во градовите, исто така, ja намалува бучавата, ризикот од поплави и формира зелени површини, што е добро за здравјето на луѓето и општото добро.

Прочитајте и...  Природен феномен: Смрзнати „јајца“ ја прекрија цела плажа во Финска

Најпопуларно


To Top