Филм & ТВ

Анимирана серија „Трансформери“ доаѓа на Нетфликс во 2020

Наредната година, на Нетфликс стигнува „Трансформери: Војната за Кибертрон“ – серија која ги раскажува почетоците на светот на Трансформерите.

Продуцентите ветуваат дека серијата ќе има „нов анимациски изглед и стил“ кој ќе ги прикаже вонземјаните роботи како што не се видени до сега. Rooster Teeth, фирма во сопственост на Warner Media, ќе ја произведува серијата за Нетфликс.

„Во оваа приказна за Трансформерите, ќе го истражиме огромниот свет Кибертрон на начин којшто до сега не е виден – изненадувачки за фановите и за оние кои што за прв пат ќе се сретнат со Трансформерите“ – велат од Нетфликс.

Прочитајте и...  Краток анимиран филм: "Малиот чевлар"

Најпопуларно


To Top